Connect with us

Осигурување

Осигурување на побарувања – нов продукт од Сава осигурување

Објавено

на

Акционерското друштво „САВА осигурување“ од неодамна лансираше нов продукт – Осигурување на побарувањата.

За кои компании осигурувањето на побарувања е неопходно?

Препорачливо е секоја компанија да размисли за осигурување на своите побарувања, а особено компаниите кои:

  • На своите купувачи им овозможуваат подолги рокови на плаќање и со тоа им се потребни повеќе обртни средства кои полесно ќе ги добијат од банките;
  • Сакаат да си ги подобрат условите за кредитирање;
  • Работат со купувачите со акредитиви и/или банкарски гаранции и сакаат да им понудат работење со одложено плаќање;
  • Работат само со неколку поголеми купувачи;
  • Имаат ограничени интерни можности за наплата;
  •  Се во процес на развивање на нов производ или ја прошируваат продажбата на нови непознати пазари

Значење на осигурувањето на побарувања

За компаниите деловните побарувања се неосигуран имот кои при остварување на комерцијални или некомерцијални ризици можат трајно да го загрозат своето постоење. Осигурувањето на побарувања го намалува таквиот вид на ризици.

Осигурани ризици:

  • Несолветност на купувачот
  • Продолжено доцнење со плаќање

Осигурувањето, покрај надоместокот, ги покрива и трошоците  за наплата и судските трошоци.

Предности на осигурувањето за компаниите

  • Заштита од финансиска штета;
  • Исполнување на обврските на менаџментот во поглед на управување со ризикот;
  • Подобрување на кредитната способност;
  • Зголемување на приходите и профитабилноста;
  • Намалување на трошоците;
  • Даночни односно сметководствени придобивки;
  • Подобрување на рејтингот.

Зошто Сава осигурување?

Повеќе од 25 години за своите клиенти обезбедува врвна грижа, стабилност, брзи и коректни исплати на штети.

Сава осигурување се потпира на сопствените сили на вработени:

  • Повеќе од 200 вработени
  • Развиена продажна мрежа од подружници и агенти
  • Сопствен контакт центар
  • Сопствен асистентски центар

Позади Сава осигурување стои една од најмоќните осигурителни групации.

Посветени кон клиентите, иновативни, професионални и етични.

Успешни во работењето, одговорни кон околината.

Приврзани и задоволни вработени кои заедно го градат угледот на Друштвотo.

Домашен пазар по домашни услови

Познавање на домашните услови и начинот на работа на домашните компании како и регионалната блискост која, со можностите со честите лични контакти, ја зголемува вредноста на договорот со Сава осигурување.

Осигурителниот партнер на Сава осигурување е единствена специјализирана компанија за осигурување со седиште во Словенија со повеќе од 20 години искуство.

Познавањето на пазарот со личен пристап овозможува брзо прилагодување на услугите, кон потребите и очекувањата.

Како до понуда

Пополнете го прашалникот кој можете да го преземете на следниот линк (https://mk.sava.insure/mk-mk/insurance-terms/) и испратете го на адресата pobaruvanja@sava.mk и продажните агенти веднаш ќе ве конактираат со понуда изработена специјално за вашите потреби.

Осигурување

Стојанче Стоилов: Не пробувај лажен цепелин, одиграј на сигурно со животното осигурување на Винер Лајф!

Објавено

на

Стојанче Стоилов е македонски ракометар, долгогодишен член на македонската ракометна репрезентација и ракометар на РК Вардар. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Прва посета на осигурителни компании од Турција, можна соработка во здравственотo и осигурувањето штети од земјотреси

Објавено

на

Осигурителни компании од Турција, членки на Истанбулската трговска комора (ИТО), вчера на средба со Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО) во Скопје ги разгледале можностите за развивање заднички производи и оцениле дека е можна соработка во областа на здравственотo и осигурувањето штети од земјотреси. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување и Македонската кошаркарска федерација ја продолжуваат соработката

Објавено

на

Раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија денеска на прес-конференција ја официјализираше соработката со Триглав Осигурување АД Скопје, компанијата што го продлабочи помагањето на македонскиот спорт со инвестиција во младинската кошарка. Поточно, Триглав Осигурување АД Скопје стана главен помагател на младинската кошарка, покривајќи ги котизациите на сите младински екипи во Македонија, во сите возрасни категории во машка и женска конкуренција. (more…)

Продолжи со читање

Популарно