Connect with us

Осигурување

Осигурување Македонија со добивка од 63,1 милиони денари во првото полугодие од 2018 година

Објавено

на

Осигурување Македонија а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп првото полугодие од 2018 година го заврши со добивка пред оданочување во износ од 63,1 милиони денари. Во истиот период од 2017 година, Друштвото оствари добивка пред оданочување во износ од 41,4 милиони денари.

Бруто полисираната премија бележи пораст во однос на истиот период од минатата година за 6,8%.

Основните причини за зголемената добивка во првото полугодие на годинава се порастот на нето заработената премија за 13,8 % и намалувањето на нето настанатите штети за 9,3%.

Друштвото е во насока да го задржи трендот на остварување на позитивен финансиски резултат и во 2018 година, со стратешка определба на зголемување на обемот на квалитетни осигуреници.

Осигурување

НАЈАВИТЕ СЕ ОСТВАРИЈА: Триглав започна постапката за основање на пензиско осигурување во Македонија

Објавено

на

Заваровалница Триглав известува, дека достави барање за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови до македонската агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Арт Гаши именуван за Генерален Директор на ЕУРОСИГ АД СКОПЈЕ

Објавено

на

Друштвото за осигурување ЕУРОСИГ АД СКОПЈЕ по донесена одлука од Надзорниот одбор изврши промена на овластено лице – Претседател на Управен одбор и Генерален директор на друштвото. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување воведува осигурување на малигни заболувања на пазарот

Објавено

на

Триглав Осигурување, денес, на Светскиот ден за борба против ракот, воведува нов производ на пазарот, осигурување на малигни заболувања. Ова покритие е дел од пакетот за доброволно приватно здравствено осигурување за лекување во приватни здравствени установи, кое што вклучува специјалнистичко вонболничко и болничко лекување и осигурување на операции. Наменето е за резидентниот сегмент, за индивидуални и за семејни корисници и обезбедува материјална заштита во најкритичните моменти во животот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange