Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Осигурување

Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Виена Иншуранс Груп оствари позитивен финансиски резултат во 2018 година

Објавено

на

Осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА, Скопје – Виена Иншуренс Груп во текот на 2018 година дејствуваше во согласност со исполнувањето на целите од деловната политика и на стратегиските цели.

И покрај тешкотиите со кои се соочуваше во 2018 година, осигурителниот сектор во Република Македонија забележа позитивен развоен тренд, кој може да се идентификува преку растот на бруто-полисираната премија (БПП) и на бројот на издадени полиси преку различни канали за продажба на осигурувањето.

Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Виена Иншуранс Груп во извештајниот период во осигурување оствари позитивен финансиски
резултат. Категориите на приходи и расходи признати до степенот на завршеност на денот на билансот во годината на известување детално се дадени подолу.

Приходот од заработена премија во осигурувањето неживот изнесува 586,5 милиони денари, што е повисоко во однос на заработената премија во осигурувањето во 2017 година за 10.6%. Вкупната полисирана премија во износ од 910,6 милиони денари во однос на 2017 година е зголемена за 6,6%. Таа е коригирана со преносна премија од 2017 година како приходна ставка и со преносна премија за 2018 година како расходна ставка.

Дополнително, бруто-приходот од премија се намалува и за делот на премија предадена
во реосигурување.

Заработената премија по осигурување, приходите од вложувања, приходите од други работи во осигурување ги чинат вкупните приходи на Акционерското друштво во износ од 858 милиони денари. Вкупните приходи за 2018 година, споредено со 2017 година, бележат зголемување од 4,6%.

Вкупните расходи бележат зголемување од 6,7% или во износ од 47,5 милиони денари. Надоместоците за штети во износ од 216,6 милиони денари и трошоците за спроведување на осигурување во износ од 407,5 милиони денари изнесуваат околу 82% од вкупните расходи.Трошоците за штети бележат зголемување од 10% во однос на 2017 година. Трошоци од вложувања во износ од 24,3 милиони денари и другите осигурителнотехнички трошоци се составен дел на вкупните расходи од работењето во износ од 760,7 милиони денари.

Како резултат на вака утврдените приходи и расходи, Друштвото оствари позитивен финансиски резултат од 97,3 милиони денари пред оданочување.

Заклучно со 31.12.2018 година, Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Виена Иншуранс Груп планираниот обем на приходи по основ на премија ги оствари со 98% .

Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Виена Иншуранс Груп наредната 2019 година планира позитивниот тренд на остварување поголем обем на приходи од премија и поголема добивка.

Осигурување

„Сава РЕ“ И „Триглав Груп“ заедно инвестираа во најголемиот приватен дијагностички центар

Објавено

на

„Сава Ре“ и „Триглав Груп“ објавија заедничка аквизиција на 80% акционерски капитал на „Дијагностички центар Блед“, што претставува 100% од правата на глас преку нивната заедничка сопственост компанија „ЗТСР“. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Ѓорѓе Војновиќ останува на чело на Триглав Осигурување АД Скопје и во следните 4 години

Објавено

на

Триглав Осигурување АД, Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста дека досегашниот Главен извршен директор, г-дин Ѓорѓе Војновиќ ќе продолжи да ја извршува оваа функција и во следните четири години. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Tриглав Осигурување АД оствари добивка од 3,5 милиони денари во првото полугодие од 2019 година

Објавено

на

Tриглав Осигурување АД, Скопје преку соопштение на Македонска берза објави дека заклучно со 30.06.2019 година оствари нето добивка од работењето во износ од 3.527 илјади денари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange