Connect with us

Осигурување

Осигурување МАКЕДОНИЈА ад Виена Иншуренс Груп оствари добивка од 55 милиони денари за шест месеци во 2020 година

Објавено

на

Осигурување МАКЕДОНИЈА ад Виена Иншуренс Груп во периодот од Јануари – Јуни 2020 година, оствари позитивен финансиски резултат во износ од 55 милиони денари кој спореден со 2019 година е за 3,7% понизок.

Категориите на приходи и расходи признати на датумот на известување се дадени подолу:

Вкупната полисирана премија во износ од 521,9 милиони денари во однос на 2019 година е намалена за 5 %. Истата е коригирана со преносна премија од 2019 година како приходна ставка и со преносна премија за 2019 година како расходна ставка. Вкупните приходи за посочениот период имаат раст од 2.1 милиони денари споредено со 2019 година.

Вкупните расходи во првото полугодие од 2020 во однос на 2019 година бележат зголемување од 1% или во износ од 4,6 милиони денари. Трошоците за штети бележат намалување од 11% во однос на 2019 година.

Дивиденда

Остварената нето добивка од деловната 2019 година по препорака на Агенцијата за супервизија на осигурувања Друштвото ја распореди во резерва на сигурност и нераспоредена добивка.

Исполнување на планот и очекувања за претстојниот период

Во периодот од 01.01- 30.06.2020 година, Осигурување МАКЕДОНИЈА ад Виена Иншуренс Груп има 91% остварување на планираниот обем на приходи по основ на премија.

Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Виена Иншуранс Груп до крајот на 2020 година со оглед на отежнатите услови на работење предизвикани од пандемијата очекува остварување за поставените планирани цели со намален обем.

Осигурување

Триглав – групација со солиден капитал и стабилен, профитабилен бизнис

Објавено

на

Агенцијата за кредитен рејтинг „S&P Global Ratings” (во натамошниот текст: „S&P” или агенција) по редовниот годишен преглед на ден 11.09.2020 година, на Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзиното матично друштво и друштвото ќеркa Позаваровалница Триглав Ре, повторно ја потврди долгорочната кредитна бонитетна оценка и кредитната оценка за финансиска моќ »A« со стабилна среднорочна прогноза. Високиот рејтинг е одраз на стабилното и профитабилно работење на Групацијата Триглав, нејзината солидна капитализираност, промислената реосигурителна заштита и водечката позиција на пазарот во Словенија и во регионот. Кредитниот рејтинг „А“ е исклучиво проценка на самостојниот профил на кредитни ризици на Групацијата и не содржи никакви зголемувања, што би биле последица на поврзаноста на Групацијата со државата. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Нови приливи од камати распределени на сметките на членовите во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Објавено

на

Сите приливи кои се резултат на инвестираните пензиски заштеди акумулирани во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и пропорционално се распределуваат на нивните сметки. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Групацијата Триглав во првото полугодие со раст на премија и пониска добивка

Објавено

на

Групацијата Триглав во првата половина од годината и покрај тешките услови поради пандемијата, работеше профитабилно и сигурно. Достигна премиски раст на повеќето свои пазари, во сите три сегменти на осигурувањето и оствари 7 проценти повисока консолидирана бруто полисирана премија (673,4 милиони евра) споредено со истиот период минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно