Connect with us

Домашни банки

Осигурување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Сега осигурувањето е многу полесно и подостапно за клиентите. Стопанска банка АД – Скопје не е осигурителна компанија, меѓутоа како овластен застапник во осигурувањето во соработка со осигурителните друштва Кроација Осигурување/Неживот и Уника Лајф за своите клиенти обезбеди повластени цени и услови за најбараните осигурителни производи.

Со вклучување на осигурувањето во својата понуда, Банката ќе стане прв избор на клиентите за купување на осигурителни производи, па затоа покрај обезбедените поволности, Банката на своите клиенти им нуди и пакети на производи кои вклучуваат осигурување.

Во продолжение е дел од понудата на осигурителни производи поврзани со кредитни производи од редовната понуда на Стопанска банка АД – Скопје:

БЕСПЛАТНО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ

Бесплатно годишно патничко осигурување за сите постојни и нови корисници на Visa/MasterCard кредитните картички на Банката

ПАКЕТ КРЕДИТНИ ПРОИЗВОДИ СО ОСИГУРУВАЊЕ

• Потрошувачки кредит во пакет со осигурување од незгода со кој добивате годишен попуст од 400 или 600 денари за купување на друго осигурување преку Стопанска банка АД – Скопје;

• Потрошувачки кредит во пакет со животно осигурување и со каматни стапки пониски од редовните;

• Станбени и хипотекарни кредити во пакет со животно осигурување и со каматни стапки пониски од редовните.

ОСИГУРУВАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛИТЕ НА БАНКАТА:

• Патничко осигурување со промотивни цени за клиентите на Банката

• Осигурување од незгода

• Имотно осигурување (домаќинско осигурување и осигурување од пожар и други опасности)

• Автоодговорност (задолжителното осигурување за сите возила)

• Зелен картон

• Каско осигурување

• Останати производи од неживотно осигурување

Домашни банки

Измени во Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Измени во органите на управување и раководење на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка а.д Битола го потврди позитивниот Годишен извештај за 2019 година

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола преку соопштение на Македонска берза го објави Годишниот извештај за работењето на банката за 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно