Connect with us

Осигурување

Осигурителните компании ќе исплатат над 10 милијарди долари поради пожарите во Калифорнија

Објавено

на

Штетата од неодамнешните шумски пожари во Калифорнија, осигурителните компании ќе ги чини повеќе од 10 милијарди долари, процени германската фирма за реосигурување „Минхен Ре“, која исто така финансиски ќе биде погодена од огнената стихија.

Кабинети на независни експерти проценија дека штетата која ќе треба да ја покријат осигурителните компании ќе изнесува меѓу 10 и 15 милијарди долари, изјави Јоаким Венинг, директор на тој германски гигант во областа на осигурувањето.

Венинг посочи дека американската фирма РМС на 19 ноември ја проценила штетата во Калифорнија на 10 до 13 милијарди долари.

„Минхен Ре“, чија основна задача е поддршка на осигурителните компании при ризик, би требало да им исплати неколку стотина милиони евра поради пожарите, но не планира тоа да биде повеќе од половина милијарди евра, истакна Венинг. Целта на таа германска компанија е да стекне нето бенефит од 2,1 до 2,5 милијарди евра оваа година.

Осигурување

Триглав советува: Дали се исплати прекин на животно осигурување?

Објавено

на

Животот е полн со пресврти, подеми, падови и многу изненадувања. Колку и да се трудиме, не можеме да бидеме целосно спремни за секој предизвик со кој што се соочуваме во животот. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Бенефиции од вештачката интелигенција во осигурувањето

Објавено

на

Илјадници тврдења, барања на купувачи и големи количини на разновидни податоци ја прават индустријата за осигурување најдобар пример за вештачка интелигенција и когнитивни технологии. Една неодамнешна студија од Tata Consultancy Services објави дека осигурителниот сектор инвестираше 124 милиони долари во AI, во споредба со просекот од 70 милиони долари инвестирани од други индустрии. Од услугата на купувачи до обработката на побарувањата, AI често се наведува како нарушување на сила во осигурителниот сектор. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Оглас за вработување во Сава Осигурување!

Објавено

на

Сава осигурување а.д. Скопје отвора позиции за енергични, комуникативни лица кои се подготвени да научат нови вештини во професионална и мотивирачка средина за работа.

(more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange