Осигурување
Осигурителниот пазар порасна 8%, осигуреници вложија 87,7 милиони евра за шест месеци

Најголем раст на продажбата во првото полугодие има кај патничкото осигурување со кое се осигурале 155.000 лица или речиси 87.000 осигуреници повеќе од истиот период лани. Мало намалување има кај продажбата на осигурување имот, а продолжува да расте, иако со помал интензитет, побарувачката за приватно здравствено осигурување.
Граѓани и фирми вложиле 5,4 милијарди денари (87,7 мил.евра) во неживотни осигурувања во првите шест месеци годинава. Во споредба со истиот период лани вредноста на вложените средства во осигурување е повисока за 8 отсто односно осигурителниот пазар пораснал за 401 милион денари (6,5 мил.евра), покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).
Бројот на склучени договори за осигурување за првите шест месеци пораснал за 20 отсто. Од почетокот на годината до сега осигуреници склучиле над 761.000 договори за осигурување со осигурителните компании за сите 18 класи на неживотни осигурувања.
Најголем раст на бројот на продадени полиси за осигурување има кај патничкото осигурување.
За првите шест месеци се склучени 155.000 договори за патничко осигурување што е двојно повеќе од истиот период 2021 година.
Овој тип на осигурување овозможува граѓаните, при патување во странство, да го пренесат ризикот од можни штети врз компаните за осигурување.
Во овој тип осигурување граѓаните во првите шест месеци вложиле 89,9 милиони денари (1,5 мил.евра).
Очекувано, најголемо учество во вкупните вложувања во осигурување за овој период има во класата осигурување од автомобилска одговорност (АО). Кај ова осигурување, кое е задолжително со закон, ризикот го превзема осигурителната компанија што ви ја продала полисата доколку вашето возило предизвика штета врз други возила и учесници во сообраќајот.
Склучени се 426.000 договори за осигурување, вклучувајќи ги и зелените карти кои се обврзувачко осигурување на покритие штети кои може да ги предизвика вашето возило при патување во странство.
Бројот на продадени полиси со кои се осигурани возила во првите шест месеци годинава во однос на истиот период лани е зголемен за 8 отсто.
Во осигурување од автомобилска одговорност во овој период се вложени 2,4 милијарди денари (39 мил.евра) или 8% повеќе од лани.
Во осигурувањето имот, најголемата класа на доброволно осигурување во првите шест месеци осигуреници вложиле 1,3 милијарди денари (21,2 мил.евра),. Тоа е за 7 отсто помалку од истиот период лани. Речиси 70.000 граѓани, фирми и правни лица го осигурале нивниот имот во првото полугодие годинава.
Кај најпопуларната класа – приватното здравствено осигурување компаниите и осигуреници склучиле 13.000 договори и тоа е за 32 отсто повеќе од истиот период лани.
Осигурениците во овој производ вложиле над 385 милиони денари (6,3 мил.евра) за првите шест месеци и тоа е за 66 отсто повеќе од истиот период лани.
Паралелно со растот на вложувањата во ова осигурување уште подинамично растат исплатите на штети за што причина е прекумерното користење на овој производ од страна на осигурениците и зголемените цени на услугите од приватните болници. Токму заради тоа некои од осигурителните компании не ја исклучуваат можноста од рационализација на овој тип осигурување.
Осигурување
Микро дом, нов производ на Триглав Осигурување

Триглав Осигурување воведе нов производ за осигурување на дом, Микро дом, кој што клиентите можат да го користат додека се на патување во странство. Микро осигурувањето на дом се склучува во рамки на полисата за здравствено-патничко осигурување. (more…)
Осигурување
Денови на финансиска писменост: АСО додели награди и пофалници на 37 основци и средношколци за творби од областа на осигурувањето

АСО додели награди и пофалници на 37 ученици, од основни и средни училишта ширум земјава, за цртежи, есеи и песни на теми од областа на осигурувањето. Со оваа активност симболично АСО ги започна „Денови на финансиска писменост 2023“ кои ги организираат сите регулатори на финансискиот пазар. За значаен придонес во унапредување на финансиската писменост кај учениците АСО додели и благодарници на 20 наставници – ментори кои континуирано и посветено работат со учениците на градење на свесноста за значењето на осигурувањето за општата благосостојба на населението. (more…)
Домашни банки
Ексклузивна соработка на Триглав осигурување Живот и Комерцијална банка – „Инвестициско осигурување на живот“ за безгрижна финансиска иднина

Понудата на современи и атрактивни финансиски производи на Комерцијална банка сега е збогатена со нов продукт – „Инвестициско осигурување на живот“. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство