Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Осигурување

Осигурителниот пазар во последните 10 години со највисоки стапки, има перспективи за развој

Објавено

на

Осигурителниот пазар во земјава во последните 10 години бележи највисоки стапки, а перспективите ќе бидат уште поголеми со подигнување на свесноста кај граѓаните за потребата од осигурувањето и подобрувањето на животниот стандард.

Ова го истакнува Климе Попоски, претседателот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, кој од утре ќе учествува на Осигурителен супервизорски форум на високи претставници помеѓу Еврoпската комисија, а се одржува по иницијатива на АСО.

“Нашиот осигурителен пазар во последните 10 години бележи највисоки стапки на просечен годишен раст од продажба на полиси за осигурување споредено со просекот на земјите од Европска Унија и посебно споредено со земјите од централна и источна Европа. Просечниот годишен раст на премиите во неживотно осигурување за перидот 2009-2018 година изнесува 39,9 отсто, додека во осигурувањето на живот за истиот период 500 отсто”, истакнува Попоски.

Тој додава дека просечниот 10-годишен раст во ЕУ регионот изнесува за неживот 0,6 отсто, додека во сегментот на осигурување живот има намалување од 0,2 отсто.

Оценува дека со  подигнување на свесноста кај граѓаните за потребата од осигурување, како и паралелно со процесот на подобрување на животниот стандард перспективите за развој на осигурувањето ќе бидат уште поголеми.

Осигурителен супервизорски форум на високи претставници помеѓу Еврoпската комисија, Европското регулаторно тело за осигурување и пензии (EIOPA) и регулаторните тела за осигурување од земјите на Западен Балкан првпат ќе се одржи утре во Франкфурт, Германија.

“Организацијата на Форумот е резултат на иницијативата на Агенцијата за супервизија на осигурување и последица од работната средба во февруари оваа година помеѓу претседателот на Советот на експерти на АСО, Климе Попоски и високи претставници од кабинетот на Комисионерот Јоханес Хан”, наведуваат од АСО.

Целта на иницијативата, како што велат од Агенцијата, претставува предизвиците во имплементацијата на европските осигурителни директиви во националните законодавства на земјите од Западен Балкан, зајакнување на дијалогот помеѓу регулаторните тела од регионот и Европското регулаторно тело за осигурување и пензии, како и јакнење на супервизорските капацитети и практики за поголема стабилност на осигурителниот сектор.

Во рамките на Форумот покрај претставувањето на актуелните предизвици од областа на регулативата и супервизијата во осигурувањето од страна на претставниците од земјите од Западен Балкан, претседателот на Агенцијата за супервизија на осигурување, Климе Попоски ќе има излагање во име на земјите на Западен Балкан на тема „Економски развој и преглед на осигурителната индустрија во регионот на Западан Балкан“.

Осигурување

5 најдобри совети за осигурување за „милениумците“

Објавено

на

Ако сте родени во 2000-тите, и сте дел од „милениумската“ генерација веќе сте на возраст кога ви се потребни првите кредити заеми, изнајмување или купување на место за живеење, планирање на семејство и секако купување на осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

ЕБОР вложува 10 милиони евра во Сава Ре осигурување

Објавено

на

Од Европската банка за обнова и развој (EBRD) соопштија дека вложиле 10 милиони евра во обврзници кои ќе ги издаде на словенската осигурителна куќа „Sava Re“.

Вложувањето во иницијалното издавање на субординиранa обврзницa на пазарот на капитал ќе и овозможи на “Sava Re” јакнење на капиталната основа, се наведува во извештајот на ЕБОР.

„Главниот извор на влијанието на транзицијата произлезе од поддршката на развојот на пазарот на капитал, покажувајќи одржливост на издавање на субординирани словенски обврзници Солвентност II обврзница и проширување на инвестициската база. Проектот е да ги диверзифицира финансиите на Сава и подобро да ја позиционира компанијата за понатамошен раст.“ – велат од Европската банка за обнова и развој.

Компанијата „Sava Re“ минатата недела објави дека издала обврзница во вредност од 75 милиони евра со датум на доспевање до 2039 година. Првиот датум е 7-ми ноември 2029 година, наведуваат од компанијата.

Обврзниците се оценети со рејтинг BBB + според Standard & Poor’s и ќе биде воведена во Луксембуршката берза.

Продолжи со читање

Осигурување

НЕДЕЛА НА ОСИГУРУВАЊЕ: Каков вид на каско осигурување да одберете, од кои ризици се штити возилото?

Објавено

на

За безгрижно да располагате со вашето моторно возило и да се заштитите од сите можни ризици, добро е да размислувате за осигурителна каско полиса која може значително да ги покрие сите потенцијални штети. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange