Connect with us

Осигурување

Осигурителната индустрија во Македонија пред нови предизвици

Објавено

на

Европската директива „Солвентност 2“ ќе донесе промени во работата на друштвата за осигурување, супервизијата и за корисниците на осигурувањето. Според експертите, ова се очекува да влијае на бизнисот.

Поголема транспарентност и повисоко ниво на корпоративно управување ќе треба да обезбедат компаните. Ова го предвидува новата Европска директива за осигурување. Построгите барања имаат цел да ги заштитат и осигурениците и осигурителниот пазар. Според првиот човек на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски, македонската осигурителна индустрија се наоѓа пред нови предизвици.

„Со цел да произведиме нов закон, и како да го имплементираме тој закон, имајќи предвид колку е робустна оваа директива и колку промени очекуваме да предизвика врз осигурителниот сектор во Република Македонија“ – вели Попоски.

Европската директива „Солвентност 2“ ќе донесе промени во работата на друштвата за осигурување, супервизијата и за корисниците на осигурувањето. Според експертите, ова се очекува да влијае на бизнисот. Европските искуства покажуваат, и малите и средните претпријатија се на удар, но во истовреме се и поконкурентни на осигурителниот пазар.

„Околностите по кои треба да се имплеметира новата регулатива, а тоа е пред сѐ опкружување на ниски каматни стапки, што влијае на перформансите на осигуритените компании“ – изјави Карел Ван Хул.

Агенцијата за супервизија на осигурувањето за првпат ја организираше првата меѓународна актуарска конференција.

Извор: mrt.com.mk

Домашни банки

Халкбанк ќе отвори своја осигурителна компанија

Објавено

на

По информацијата објавена од Македонската берза дека акциите на „Нова Осигурување АД Скопје” се продадоа за вкупно 3,2 милиони евра во две блок-трансакции, „Халкбанк АД Скопје” и официјално потврди дека сега поседуваат 100 отсто од капиталот на осигурителната компанија.

(more…)

Продолжи со читање

Осигурување

КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ ОСТАНУВА СИГУРЕН ПАРТНЕР НА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН РАКОМЕТ

Објавено

на

Во пресрет на дваесет и шестото Светско првенство во ракомет, кое од утре (10.01.) до 27-ми јануари се одржува во Германија и Данска, Кроација осигурување – Друштво за неживотно осигурување го продолжи парнерството со Ракометната федерација на Македонија. На тој начин компанијата даде придонес во обезбедување на неопходните предуслови за уште едно успешно учество на нашите репрезентативци на најголемото ракометно натпреварување оваа година.  (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Кроација Осигурување – Живот го демантира Винер Лајф со Факти

Објавено

на

Кроација Осигурување – Живот го демантира Винер Лајф со Факти откако во јавноста беше објавено интервју со Марко Дамевски, Менаџер за продажба во Винер Лајф. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange