Connect with us

Осигурување

Осигуреници наплатија 16 милиони евра, бројот на исплатени штети порасна 30%

Објавено

на

За три месеци осигурителните компании исплатија речиси 23.000 оштетни побарувања. Најголем раст на вредноста на исплатени штети за покривање медицински трошоци има кај приватното здравствено осигурување, а најголем процентуален раст има кај исплатите за штети покриени со патничко осигурување. Исплатите во најголемата доброволна класа – осигурување имот пораснаа за 17% во споредба со истиот период лани.

Единаесет осигурителни компании за неживотно осигурување исплатија 978 милиони денари (15,9 мил. евра) за настанати штети на свои осигуреници во првите три месеци годинава. Во првите 90 дена годинава осигурителните компании исплатиле речиси 23.000 штети на осигуреници и тоа е 30% повеќе од истиот период 2021 година, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Најголемо учество во структурата на исплатените штети очекувано има најголемата осигурителна класа – задолжителната автомобилска одговорност (ЗАО) која е обрврзувачка со закон. Вредноста на исплатените штети за ЗАО изнесува 473 милиони денари (7,7 мил. евра) и тоа е 48 отсто од вредноста на сите штети платени во овој период. Во споредба со истиот период лани вредноста на исплатените штети е зголемена за 4 проценти.

Најголем раст на вредноста на исплатените штети повторно има кај приватното здравствено осигурување. Осигурениците наплатија 84,5 милиони денари (1,4 мил. евра) трошоци за медициски предгледи и лекување за период од три месеци. Тоа е за 94 проценти (690.000 евра) повеќе  од истиот квартал минатата година. Од почетокот на корона кризата пред две години ова е најбрзорастечки осигурителен производ.

Значаен за истакнување е растот и на исплатените штети кај најголемата доброволна осигурителна класа – осигурувањето имот. До крај на март годинава се исплатени речиси 1.800 оштетни побарувања за осигуран имот во вредност од 116 милиони денари (1,9 мил. евра). Тоа се 17 отсто повеќе исплатени средства во однос на истиот период 2021 година.

Патничкото осигурување има најголем релативен раст на вредноста на исплатени штети. Очигледно дека укинувањето на ограничувањата предизвикани од здравствената пандемија охрабри повеќе осигуреници да патуваат надвор од земјава. Во првите три месеци друштвата за осигурување исплатија речиси 2,5 пати повеќе пари за штети покриени со патничко осигурување. Нивната вредност достигна 13,7 милиони денари (223.000 евра).

Вредноста на сите исплатените штети за неживотно осигурување во периодот јануари – март годинава е за 6 отсто повисока во однос на истиот период лани.

Осигурување

Земјоделци и фармери за три месеци во осигурување вложија 2 милиони евра

Објавено

на

Вкупно 600 индивидуални земјоделци и фармери и уште педесетина аграрни компании за првите три месеци годинава ги осигурале своите посеви, плодови и животни. Наскоро земјоделското осигурување ќе стане задолжително со закон и заради тоа неговото учество во осигурителниот пазар значајно ќе се зголеми. Целта на оваа реформа е преку зголемување на масовноста значајно да се намали цената на осигурувањето, а истовремено со акумулација на средствата на осигурениците-земјоделци да се создадат големи фондови од кои ќе се исплаќаат штети кои може да ги предизвикаат временските непогоди и особено актуелните климатски промени. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување Живот со уникатна можност за своите осигуреници, членство на Сторнест услугата со секоја полиса!

Објавено

на

Триглав Осигурување Живот го склучи првиот договор за соработка со финансиска институција во земјава со компанијата Сторнест со цел подобрување на квалитетот на услугите и овозможување на придобивка пoвеќе за своите клиенти. Со овој склучен Договор, сите досегашни и идни осигуреници на Триглав Осигурување Живот ќе добијат унифициран пристап до своја сметка – чувар на податоци на сите хартии од вредности кои ги поседуваат, без надоместок. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Осигуреници вложија над 40 милиони евра, осигурителниот пазар порасна 10%

Објавено

на

Осигурувањето имот останува најголема доброволна осигурителна класа од сите неживотни осигурувања. Приватното здравствено осигурување за прв пат досега е втора по обем класа доброволно осигурување. Најголем раст на вложувањата, од дури 180%  има кај осигурувањето кредити. Продажбата на патничкото осигурување, по укинување на анти – ковид рестрикциите порасна 80%. (more…)

Продолжи со читање


Популарно