Connect with us

Осигурување

Осигуреници наплатиле 32,9 милиони евра, компаниите исплатиле над 45.000 штети

Објавено

на

За прв пат во постоењето на осигурувањето во земјава приматот по број на исплатени штети го превзеде приватното здравствено осигурување. Очигледно дека неговата голема популарност доведе и до негова прекумерна употреба. Поточно 40 % од сите исплатени штети се за медицински трошоци кои ги пријавиле осигуреници кои имаат приватно здравствено осигурување.

Компаниите за неживотно осигурување исплатиле над 45.000 штети од кои осигурениците наплатиле 2 милијарди денари (32,9 мил. евра) во првите шест месеци годинава. Во споредба со истиот период минатата година бројот на исплатени штети пораснал за 28 отсто додека нивната вредност во истиот период е повисока за 4 отсто, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Над 18.000 штети осигурителните друштва исплатиле на клиенти кои барале обештетување за медицински трошоци покриено со нивното приватно здравствено осигурување.

Годинава, за првпат во историјата на осигурувањето, се случува дури 40 отсто од бројот на сите исплатени штети да бидат за приватно здравствено осигурување. Тој податок е индикатор што јасно укажува на популарноста на овој тип доброволно осигурување, но истовремено и на неговата прекумерна употреба од страна на осигурениците.

Очекувано, најголем износ на средства компаниите исплатиле за штети покриени со осигурување од автомобилска одговорност. Кај оваа задолжителна класа осигурување, која е и најмасовна, осигурителните друштва го превземаат ризикот да ги платат штетите ако нивниот осигуреник е виновен за материјална штета при сообраќајна незгода или несреќа. Друштвата за неживотно осигурување во првата половина годинава исплатиле 1,12 милијарди денари (18,2 мил.евра) со кои покриле 14.820 оштетни побарувања.

Во овој период за осигурување имот се исплатени 290,4 милиони денари (4,7 мил.евра). При тоа бројот на исплатени штети е намален за 11,5 отсто, а исплатениот износ е речиси идентичен како истиот период лани.

За каско осигурување возила компаниите исплатиле 248,2 милиони денари (4 мил.евра) и тоа е за 11 отсто повеќе од минатата година.

Најголем раст на вредноста на исплатените штети има кај патничкото осигурување. Осигурителните друштва платиле 24,5 милиони денари (398.000 евра) или 2,7 пати повеќе за обештетување штети при патувања на наши државјани надвор од земјава. При тоа бројот на исплатени штети надминал 900 и тоа е за 3 пати повеќе од истиот период во 2021 година.

Во овој период штети исплаќале сите 11 друштва за неживотно осигурување.

Домашни банки

Триглав Осигурување Живот и Комерцијална банка со уникатна можност за обезбедување на корисниците на кредит при несакани животни ситуации

Објавено

на

Секој од нас има желби и соништа и тежнее кон тоа да си дозволи убави нешта за себе и за најблиските. Но, можеби овој момент не е најповолен за остварување на замислите или, пак, сме скептични да направиме нешто повеќе, стравувајќи за личната и иднината на своето семејство. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Вложувањата во неживотно осигурување надминаа 10 милијарди денари, продажбата на полиси зголемена за 16%

Објавено

на

Осигурениците и осигурителните компании лани склучија над 1,71 милиони договори за осигурување вредни над 10,5 милијарди денари. Најпопуларно меѓу сите неживотни осигурувања останува приватното здравствено осигурување кое три години по ред има најголем раст на продажба. Од сите доброволни класи и понатаму најмногу се вложува во осигурување имот. Најголемо учество во вкупната продажба и минатата година има задолжителното осигурување од автомобилска одговорност. Од сите 11 компании за неживотно осигурување дури десет друштва лани бележат раст на приходите од продажба на осигурителни полиси. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Осигурениците наплатија 71 милион евра, осигурителните компании исплатија над 100.000 штети

Објавено

на

Осигурителните компании исплатија 30 отсто повеќе пари за штети покриени со осигурување лани во споредба со претходната година. Најголем број штети се исплатени за покривање медицински трошоци покриени со дополнително здравствено осигурување, а од сите класи доброволно осигурување најмногу средства се исплатени за штети покриени со осигурување имот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно