Connect with us

Осигурување

Осигуреници вложија над 40 милиони евра, осигурителниот пазар порасна 10%

Објавено

на

Осигурувањето имот останува најголема доброволна осигурителна класа од сите неживотни осигурувања. Приватното здравствено осигурување за прв пат досега е втора по обем класа доброволно осигурување. Најголем раст на вложувањата, од дури 180%  има кај осигурувањето кредити. Продажбата на патничкото осигурување, по укинување на анти – ковид рестрикциите порасна 80%.

Вложувањата во неживотно осигурување достигнаа 2,5 милијарди денари (40,5 мил.евра) во првите три месеци годинава. Осигурителниот пазар за неживотно осигурување порасна за 10 отсто (3,5 мил.евра) во првиот квартал годинава во споредба со истиот период лани, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Во првите три месеци годинава се склучени речиси 307.000 договори за неживотно осигурување и тоа е за 11 отсто повеќе од истиот период лани.

Во осигурување имот за овој период осигуреници вложиле 555,6 милиони денари (9 мил.евра) и тоа е за 5 отсто помалку во однос на истиот период 2021 година. И покрај малиот пад осигурувањето имот останува најголемата т.е. најпродавана класа на доброволно осигурување.

Приватното здравствено осигурување и во пост-ковид периодот продолжува да биде најпопуларно осигурување според растот на вложувањата. За првите три месеци годинава десет осигурителните компании за неживотно осигурување склучиле речиси 8.000 договори за приватно здравствено осигурување. Осигурениците во овој период во ова осигурување вложиле 225 милиони денари (3,7 мил.евра), што е за 81 отсто повеќе од истиот период лани.

Најекспанзивен раст на вложувања има во класата осигурување кредити. Официјалните податоци покажуваат дека осигуреници вложиле 121.000 евра за три месеци и тоа е за 180 отсто повеќе од вложувањата во овој производ истиот период лани. Ова осигурување на пазарот го продаваат пет осигурителни компании, а за три месеци се склучени речиси 1.000 договори за осигурување.

Значаен раст, со укинување на анти-ковид мерките, има и кај патничкото осигурување. Во однос на лани продажбата на патничко осигурување во првите три месеци годинава порасна за 80 отсто. Во ова осигурување се вложени 30,3 милиони денари (500.000 евра).

Осигурувањето од автомобилска одговорност останува најголема класа. За првите три месеци склучени се речиси 176.000 договори за осигурување од кои над 32.000 се зелени карти за патување во странство. Вредноста на полисите за автомобилска одговорност, продадени во првите три месеци, надмина една милијарда денари (17 мил.евра) и бележи раст од 5 отсто во однос на лани.

Осигурување

Земјоделци и фармери за три месеци во осигурување вложија 2 милиони евра

Објавено

на

Вкупно 600 индивидуални земјоделци и фармери и уште педесетина аграрни компании за првите три месеци годинава ги осигурале своите посеви, плодови и животни. Наскоро земјоделското осигурување ќе стане задолжително со закон и заради тоа неговото учество во осигурителниот пазар значајно ќе се зголеми. Целта на оваа реформа е преку зголемување на масовноста значајно да се намали цената на осигурувањето, а истовремено со акумулација на средствата на осигурениците-земјоделци да се создадат големи фондови од кои ќе се исплаќаат штети кои може да ги предизвикаат временските непогоди и особено актуелните климатски промени. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување Живот со уникатна можност за своите осигуреници, членство на Сторнест услугата со секоја полиса!

Објавено

на

Триглав Осигурување Живот го склучи првиот договор за соработка со финансиска институција во земјава со компанијата Сторнест со цел подобрување на квалитетот на услугите и овозможување на придобивка пoвеќе за своите клиенти. Со овој склучен Договор, сите досегашни и идни осигуреници на Триглав Осигурување Живот ќе добијат унифициран пристап до своја сметка – чувар на податоци на сите хартии од вредности кои ги поседуваат, без надоместок. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Осигуреници наплатија 16 милиони евра, бројот на исплатени штети порасна 30%

Објавено

на

За три месеци осигурителните компании исплатија речиси 23.000 оштетни побарувања. Најголем раст на вредноста на исплатени штети за покривање медицински трошоци има кај приватното здравствено осигурување, а најголем процентуален раст има кај исплатите за штети покриени со патничко осигурување. Исплатите во најголемата доброволна класа – осигурување имот пораснаа за 17% во споредба со истиот период лани. (more…)

Продолжи со читање


Популарно