Осигурување
Осигурениците лани во полиси за покривање различни ризици вложиле 163,7 милиони евра


Граѓани, компании и институции од пријавени штети лани наплатиле 4 милијарди денари (65,1 милиони евра) што е на исто ниво како и во 2019 година. Од тоа за штети по полиси за неживотно осигурување компаниите на осигурениците исплатиле 3,57 милијарди денари (58 милиони евра). Исплатите на штети по основ на осигурување живот изнесуваат 436,9 милиони денари (7,1 милиони евра), покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).
Сите осигуреници лани во осигурување вложиле 10 милијарди денари (163,7 милиони евра). Во период од пет години (од 2016 до 2020 година) биле купени полиси вредни 48,3 милијарди денари (785,2 милиони евра).
Во последниве пет години во осигурување живот граѓаните вложиле вкупно 7,98 милијарди денари (129,7 милиони евра). За полиси кои покриваат ризици од неживотното осигурување (автомобилска одговорност, каско, имот, општа одговорност, приватно здравствено и други видови осигурување) вкупно се платени 40,3 милијарди денари (655,5 милиони евра).
Продажбата на полиси за осигурување (бруто полисирана премија) лани во споредба со 2016 година е зголемена за 1,35 милијарди денари (22 милиони евра). Бројните ограничувања врз вкупните економски текови и особено врз мобилноста, кои лани ги предизвика здравствената пандемија, негативно се одразија и врз продажбата на полиси. Но благодарејќи на проактивниот пристап и соработката меѓу АСО и осигурителните компании вкупната продажба на полиси лани бележи благ пад од 5 отсто во споредба со 2019 година.
На осигурителниот пазар работат вкупно 16 друштва за осигурување меѓу кои 11 покриваат ризици од осигурување неживот, а 5 компании се специјализирани за осигурување живот.
Што ја одбележа 2020 година?
Продажбата на полиси од корпусот неживотно осигурување лани во вкупната бруто полисирана премија учествува со 82,7 отсто и изнесува 8,3 милијарди денари (135,4 милиони евра). Осигурителните друштва од продажба на полиси за осигурување живот инкасирале 1,74 милијарди денари (28,3 милиони евра) што претставува 17,3 отсто од целиот приход од продажба полиси.
И лани најголемо учество во целата продажба има осигурувањето моторни возила со 4,96 милијарди денари (80,65 милиони евра), пред осигурувањето имот со 1,86 милијарди денари (30,25 милиони евра). Најголем раст има кај приватното здравствено осигурување од чија продажба осигурителите наплатиле пет пати повеќе во однос на 2019 година.
Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните друштва, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација на населението.
Осигурување
Над 281.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле осум милиони евра за три месеци


Петте компании за животно осигурување, во првиот квартал, склучиле нови 14.000 договори со кои животите ги осигурале над 20.000 граѓани. Од вложените 8 милиони евра во класичните осигурителни производи: ризико и осигурување со штедна компонента се вложени 6,3 милиони евра, а останатите се инвестирани во „јунит линкд“ осигурување. (more…)
Домашни банки
Шпаркасе Банка го воведува UnitLinked во соработка со Винер Лајф Виена Иншуренс Груп АД Скопје


Шпаркасе Банка АД Скопје, во соработка со Винер Лајф Виена Иншуренс Груп АД Скопје како стратешки долгорочен партнер и инвестицискиот фонд WVP, го збогатува своето портфолио на осигурителни производи, преку воведување на нов производ – Unit Linked, кој нуди животно осигурување со инвестирање. (more…)
Домашни банки
СМАРТ потрошувачки кредит на TTK Банка АД Скопје во соработка со Триглав Осигурување Живот АД Скопје со многу нови поволности и привилегии за клиентите


ТТК Банка АД Скопје, во соработка со Триглав Осигурување Живот АД Скопје, следејќи ги потребите на клиентите, воведе низа новини и привилегии за своите клиенти со цел заштеда на семејниот буџет и подигнување на свеста за здрави животни навики. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје