Осигурување
Осигурениците добија 30 отсто повеќе од штети на имот, осигурителите платија над 10 милиони евра

Вредноста и бројот на продадени полиси за осигурување имот расте пет години во контиунитет. Лани, во услови на здравствена пандемија, расте осигурувањето имот кај: домаќинствата, компаниите, земјоделците и кај државниот сектор. Вкупната продажба на полиси за осигурување имот лани надмина 30 милиони евра и порасна за 5 проценти.
Осигурителните компании (вкупно 11 друштва кои продаваат полиси за осигурување имот) лани на своите осигуреници им исплатиле вкупно за штети (бруто исплатени штети) 10,2 милиони евра, што е за 30 отсто повеќе од претходната година.
За штети од пожари и други природни непогоди лани биле надоместени 191 милиони денари (3,1 милиони евра), додека пак кај останатите имотни осигурувања лани осигурениците добиле 439 милиони денари (7,1 милиони евра).
Вкупната продажба (бруто полисирана премија) на полиси за осигурување имот лани достигна 1,86 милијарди денари (30,26 милиони евра), покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).
Вредноста на осигурителните полиси кои осигурниците ги купиле лани пораснала за 5 проценти (1,43 милиони евра) во споредба со 2019 година.
Зголемен е и бројот на склучени полиси за осигурување имот на физички лица и на правни лица. Вкупниот број на полиси за осигурување на имот во 2020 изнесува 135.223 што е за 4 проценти повеќе споредено со претходната година.
Граѓаните лани во осигурителни полиси вложиле вкупно 507,4 милиони денари (8,25 милиони евра), а приватни компании и државните институции платиле 1,35 милијарди денари (22,01 милиони евра). Најголемо учество во вкупната вредност на осигурувањето лани имаат осигурувањата на градби и нивната содржина (13,3 милиони евра) и земјоделските осигурувања (7,84 милиони евра).
При тоа, осигурувањето на имот (освен пожар и други природни непогоди) пораснало за 7 проценти во однос на 2019 година и надминало 1,09 милијарди денари (17,76 милиони евра), што пред сè се должи на градежната експанзија во урбаните средини.
Зголемување од 2% има и кај продажбата на осигурување од пожар и други природни непогоди која достигна 768,2 милиони денари (12,5 милиони евра).
Податоците што ги објавува АСО се достапни и на следниот линк.
Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните друштва, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација на населението.
Осигурување
Вложувањата во осигурување пораснаа 19%, надминаа 48 милиони евра за три месеци

Приватното здравствено осигурување и понатаму е најпопуларно доброволно осигурување со раст на продажбата од 63 отсто. Вложувањата во осигурување имот достигнаа 10 милиони евра за три месеци, а солидни растови има кај патничкото осигурување и кај каско осигурувањето на моторни возила. (more…)
Осигурување
Над 305.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле 37 милиони евра

Вложувањата во осигурување живот пораснале за 14 отсто во 2022 година, а најголемо учество во нив имаат инвестициите во животно осигурување со штедна компонента кои изнесуваат 20,1 милиони евра. Истовремено вкупните исплати на осигурителите кон осигурениците пораснале за 18,5 отсто, изнесуваат 14,5 милиони евра и вклучуваат: доживување, прекин на осигурување или смрт на осигуреник. Петте друштва за осигурување живот се солидно капитализирани и минатата година ја завршија со вкупна актива вредна 187 милиони евра. (more…)
Домашни банки
Триглав Осигурување Живот и Комерцијална банка со уникатна можност за обезбедување на корисниците на кредит при несакани животни ситуации

Секој од нас има желби и соништа и тежнее кон тоа да си дозволи убави нешта за себе и за најблиските. Но, можеби овој момент не е најповолен за остварување на замислите или, пак, сме скептични да направиме нешто повеќе, стравувајќи за личната и иднината на своето семејство. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје