Connect with us

Домашни банки

Осврт кон работењето на Централна кооперативна банка АД Скопје во 2017 година

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје и во текот на изминатата година ги продолжи воспоставените позитивни трендови во оперативното работење на Банката. Како резултат на значителен раст на кредитното портфолио за 12,32% во однос на минатата година и на зголемувањето на пазарниот удел на Банката, приходите од камати во тековната година забележуваат значителен пораст од 6,29%, стои во финансискиот извештај на Банката, објавен на Македонска Берза.

Приходите од камати од коминтенти се зголемени за 9,43% споредено со минатата година, што е на линија на евидентираниот пораст на кредитното портофлио. Успешните кампањи за привлекување нови депоненти, доведоа до пораст на депозитите од други комитенти за 10,90% во однос на минатата година придружен со раст на расходите за камати за 16,21%. Нето-ефектот прикажан преку нето-приходите од камати се задржува позитивен и е за 2,07% повисок во однос на истиот период од претходната година.

Во однос на нето-приходите од провизии, приходите од провизии од оперативното работење бележат раст, додека приходите од управувачките провизии забележуваат намалување во однос на минатата година, како резултат на политиката на олеснување на условите за постоечките клиенти. Евидентирано е вкупно намалување на нето-проходите за 4,85%.

Во анализираниот период, Банката продолжува посветено да работи на одржување на ниската ризичност на кредитното портфолио при што исправката на финансиските средства на нето-основа е пониска за 66,36% во однос на минатата година. Во истиот период, согласно со Одлуката за сметководствениот и регулаторниот третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања евидентирана е загуба од оштетување во износ од 20,641 илјади денари.

Позицијата трошоци за вработените забележува зголемување за 5,83% во однос на минатата година поради зголемување на бројот на вработените и континуирано вложување во постојните вработени.

Во услови на зголемен обем на работење, Банката успеа да оствари заштеда преку намалување на износот на останати расходи од дејноста за 1,49% во однос на претходната година.

Во текот на 2017 година, Банката продолжи да работи согласно со определбата за остварување на поставените деловни цели. Овие цели се остваруваат преку зголемување на кредитното портфолио, успешно менаџирање на ризичноста на портфолиото преку намалување на исправката на вредноста на финансиските средства, како и зголемување на нето-приходите од камата и подобрување на оперативната ефикасност во работењето.

Домашни банки

Комерцијална банка најуспешна во тргување на девизните пазари

Објавено

на

Светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, САД,  на Комерцијална банка АД Скопје ѝ ја додели наградата „Најдобар FX Провајдер за Република Македонија (Најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во Македонија за 2019 година)“. Ова е петто  по ред  признание за најуспешно работење на Комерцијална Банка АД Скопје во доменот на тргување со финансиски инструменти во Република Македонија,  доделено од Global Finance. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Капитал банка ја прошири својата мрежа на експозитури во Кисела Вода, Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје продолжи со проширување на својата мрежа на експозитури на територијата на град Скопје, водена од својата мисија за градење на доверба, сигурност и посветеност кон клиентите, нудејќи им највисок стандард на финансиски услуги. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Охридска банка Сосиете Женерал оствари добивка од 8,6 милиони евра во периодот од јануари до септември 2018 година

Објавено

на

Кумулативниот реализиран финансиски резултат на Охридска банка АД Скопје за периодот од 01.01.2018 до 30.09.2018 година изнесува 531,6 милиони и е значително повисок односно за 2,5 пати во однос на остварениот резултат за истиот период минатата година, што во основа е резултат на пораст на приходите од редовно работење, пониски оперативни трошоци и пониска цена на чинење на ризикот. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange