Connect with us

Криптовалути

Оптимизам на аналитичарите или реалност – биткоинот ќе достигне вредност од 500.000 долари!?

Објавено

на

Гувернерот на американската централна банка, Џером Пауел, изјави дека ФЕД ќе дозволи инфлацијата да се искачи на над два проценти. Централната банка на САД ќе го стори тоа за да може економијата да создаде што е можно повеќе работни места.

Сите преостанати 16 претставници на ФЕ исто така се согласуваат со новата политика, што истовремено значи дека ФЕД ќе биде помалку склона да ги зголемува каматните стапки, бидејќи невработеноста почнува да опаѓа.

Ова е сценарио кое им одговара не само на оние кои земаат кредити, туку и на берзите, бидејќи компаниите ќе можат полесно да ги отплатат кредитите со каматни стапки од нула, а инвеститорите ќе бидат охрабрени да пристапат кон поризични инвестиции, пренесува „SEEbiz“.

Њујоркшкиот индекс на „S&P 500″ во петокот заврши на рекордно високо ниво, шести ден по ред, а тоа во најголем дел се заснова на одличните перформанси на технолошките акции.

Дури и елитниот „Dow Jones” сега е на повисоко ниво отколку што беше на почетокот на годината.

Новиот пристап на ФЕД, кој не предвидува слепо зголемување на каматните стапки, го оптовари доларот за време на викендот. Повеќе од 1,19 американски долари требаше да се платат за еврото, што е близу до максимумот во последните две години.

Јапонскиот јен,исто така, започна да се зајакнува значително, по веста за оставка на премиерот Шинзо Абе и со тоа можниот крај на т.н. „абеномија”.

Криптовалутите, исто така, добија нов интензитет. Пауел е пријател на биткоинот, забележуваат експертите, а некои дури велат дека новата политика на ФЕД го означува почеток на крајот на т.н. „Фиат пари“.

Некои компании веќе делумно ги менуваат своите парични резерви во криптовалути.

Најоптимистичките аналитичари, кои, се разбира, треба да се земат со голема резерва, предвидуваат енормен раст на биткоинот, дури и до 500.000 американски долари.

Криптовалути

МАКЕДОНЦИТЕ “НЕ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ” ЗА КРИПТОВАЛУТИ – Македонија последна во регионот по бројот на инвеститори во криптовалути

Објавено

на

Во Србија во криптовалути инвестирале 127.461 инвеститори, што ја прави прва во јадранскиот регион по бројот на инвеститори во криптовалути во однос на бројот на жители, објави порталот „Bloomberg Adria“, повикувајќи се на анализата на компанијата „TripleA“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Цената на најпознатата криптовалута повторно во надолен тренд по неколкудневниот раст

Објавено

на

Цената на биткоинот повторно падна откако во саботата го достигна највисокото ниво од средината на јуни, поради оптимизмот дека пазарот можеби веќе го достигнал дното. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Известување за зачестена појава на компјутерска измама со криптовалути

Објавено

на

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста за забележана зачестена појава во изминатиов период, каде непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни електронски адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку кои се ветува лесна заработка со исполнување на одредени задачи кои се доделуваат на дневно ниво од самиот сервис или апликација. (more…)

Продолжи со читање


Популарно