Connect with us

Домашни банки

ООУ „Истикбал“ во Тетово доби еко-инклузивно игралиште донација од Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Во ООУ „Истикбал“ во Тетово денес беше пуштено во употреба еко-инклузивното игралиште кое нуди пристап и за децата со попреченост. Новото игралиште е донација на Халкбанк АД Скопје кон проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој работи на подобрување на пристапноста во училиштата преку правење и набавување на инклузивни игралишта, сензорни соби, пристапни рампи, асистивна технологија итн. 

Во рамки на инклузивното игралиште е поставена гумираната подлога и детски реквизити соодветно прилагодени за безбедна употреба и од страна на децата со попреченост, ново зеленило и уметнички насликан ѕид.

Ахмед Ќазими, раководител на сектор за јавни дејности на општина Тетово, заблагодарувајќи се за донацијата на Халкбанк истакна дека ова игралиште не е само обично игралиште кое ќе го користат децата, туку дека значи подигнување на свеста кај сите граѓани дека и лицата со попречености треба да добијат можност и да се третираат еднакво во заедницата исто како и останатите граѓани.

Според Билал Суџубаши, првиот човек на Халкбанк, секое дете има право за еднаков пристап до квалитетно образование бидејќи само така може да се исполни потенцијалот на секое дете. Ова ги вклучува и децата со попреченост бидејќи и тие заслужуваат добивање подобри можности за да можат полесно да се интегрираат во образованието и во заедницата.

Со оглед дека основно мото на корпоративна филозофија на нашата банка е „Важни се луѓето“, ние во Халкбанк со задоволство прифативме да помогнеме во реализација на ова инклузивното игралиште во ООУ „Истикбал“ кое  нуди пристап и за децата со попреченост, со што веруваме дека ќе се поттикне нивната поголема инклузивност во наставата и во слободните активности. Ова е секако само еден чекор, но ваквите чекори верувам дека ќе влијаат на создавање општо сваќање дека инклузијата треба да биде начин на размислување. Затоа, потребно е сите заедно да се обединиме и на било кој начин да им помогнеме на лицата со попреченост за достојно и квалитетно да уживаат во животот. Тоа е патот кој води кон рамноправно и среќно општество“, рече Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје.

Донацијата на Халкбанк е дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија, а го спроведуваат Фондацијата за образование и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со партнерските здруженија „Хандимак“ од Тетово и „Инклузива“ од Куманово. 

Главна цел на проектот е подобрување на можностите за образование на децата со попреченост преку инфраструктурни подобрувања на училишните објекти, но и преку доделување на месечни стипендии за овие деца“, истакна Бранка Џајковска од Фондацијата „Чекор по чекор“.

Домашни банки

Дали сте размислувале колку пари и време ви заштедуваат дигиталните финансиски услуги?

Објавено

на

Сите сме сведоци на ултра брза дигитална трансформација. Замислете си само колку пати дневно извршувате дигитални трансакции? Сигурно никогаш не сте размислувале колку пари и време ви заштедува плаќањето преку интернет или мобилен телефон. Во маркети плаќате со картичка за неколку секунди и не чекате кусур. Не губите време ниту кога ви треба готовина, затоа што имате банкомат на секој чекор. Не трошите еден вработен за уплата на дневен промет секој ден затоа што и за тоа имате банкомат… (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка со 18.10.2021 година.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со фантастична вест за акционерите – ќе ја подели и заостанатата дивиденда!?

Објавено

на

Изминатата пандемиска 2020 година, НЛБ Банка ги следеше инструкциите на Народната банка којашто советуваше банките да не исплаќаат дивиденда, па така Банката се воздржа и на своите акционери не им ја исплати заслужената награда. (more…)

Продолжи со читање



Популарно