Connect with us

Платежни картички

Онлајн промена на дневен лимит – нова функционалност на Visa платежните картички на ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

TTK Банка АД Скопје воведе нова функционалност кај VISA платежните картички со која корисниците имаат можност самостојно да го променат дневниот лимит за плаќања преку Интернет преку електронското банкарство или преку апликацијата за мобилно банкарство ТТК m-bank. Оваа новина овозможува поголема флексибилност, сигурност и заштита на плаќањата преку Интернет.

Отсега корисниците во кое било време и без ограничувања, во согласност со потребите, ќе имаат можност да го променат стандардниот лимит од 20.000,00 денари (дневно) така што ќе го намалат на 0 денари и ќе забранат Интернет трансакции, или пак ќе го зголемат дневниот лимит до максималниот износ од 100.000,00 денари за Visa Electron и Visa Classic картичките односно до 250.000,00 денари за Visa Business картичките. За поголеми износи и понатаму ќе мора да се доставува барање за одобрување преку шалтерите на Банката.

Новата услуга е бесплатна. За користење на услугата потребно е корисниците да имаат активен дигитален сертификат или софтверски токен, коишто се бесплатни.

Наскоро ќе биде овозможено и управувањето со дневните лимити на платежните картички при повлекување на средства од банкоматите на ТТК Банка АД Скопје како и за плаќања во трговија.

За брзо и лесно користење на новата услуга на ТТК Банка АД Скопје, како и лесна навигација во апликацијата, можете да ги погледнете следните упатства:

Упатство за промена на дневен лимит при интернет-плаќања преку електронското банкарство;
Упатство за промена на дневен лимит при интернет-плаќања преку мобилното банкарство;
Упатство за инсталирање на софтверски токен за потпишување и плаќање на налози преку мобилното банкарство.

Дополнително, за функционалностите на електронското и мобилното банкарство можете да се информирате на:

електронско банкарство за физички лица

мобилно банкарство за физички лица

електронско банкарство за правни лица

Платежни картички

Повеќе трансакции, повеќе поени за тебе!

Објавено

на

Стартуваше ново изненадување во рамките на бонус програмата на Халкбанк АД Скопје! (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Промотивна понуда за Visa Gold кредитната картичка на Стопанска банка АД Скопје

Објавено

на

Сите корисници кои ќе аплицираат за нова Visa Gold кредитна картичка од Стопанска банка АД Скопје добиваат промотивна 5,5% каматна стапка за целата година.

Побрзајте и аплицирајте за Вашата нова Visa Gold кредитна картичка и искористете ја промотивната каматна стапка.

Продолжи со читање

Платежни картички

Промотивна понуда за сите корисници на кредитните картички на Халкбанк

Објавено

на

Промотивна понуда за сите корисници на кредитните картички Mastercard Standard, Mastercard Contactless, Visa Classic ,Visa Gold и Mastercard World на Халкбанк!

Искористете ја промоцијата и подигнувајте готовина од сите АТМ БЕЗ ПРОВИЗИЈА, овој месец од 22ри до 28ми!

Последната седмица од секој месец оваа 2019 година ќе биде „резервирана“ за оваа промотивна поволност до крајот на годината!

 

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange