Connect with us

Депозити

Онлајн депозит на Халкбанк за едноставно штедење со само еден клик

Објавено

на

Онлајн депозитот кој во октомври, месецот на штедење, Халкбанк го понуди на пазарот, претставува иновативен производ кој овозможува едноставно и лесно, само со еден клик, да почне да се штеди. Производот е наменет за физички лица, корисници на електронско банкарство на Халкбанк и со него клиентите заштедуваат време бидејќи нема потреба од посета на филијала на Банката и потпишување и печатење на Договори за депозит.

Може да се штеди во денари или во евра, при што минималниот износ на вложување е 3.000 денари, односно 50 евра, додека максималниот износ е неограничен, согласно расположливите средства на трансакциската сметка (вклучувајќи го и кредитниот лимит). Средства може да се орочат на 6,12 и 24 месеци. Халкбанк за овој производ подготви примамливи каматни стапки од 0,70% за 6 месечно орочување во денари, односно 0,40% ако се штеди во девизи, кај орочувањето на една година каматата за штедење во денари е 1,40% и 0,70% за девизно штедење, додека за депозит орочен на две години каматата е 2,10% за денарско, односно 1,30% за девизно штедење.

Отворање онлајн депозит се прави единствено преку платформата за електронско банкарство. Клиентот се логира на e-банк со корисничко име и OTP (еднократна лозинка) која ја добива на својот мобилen телефон. По логирањето на страницата за електронско банкарство, се појавува икона „Отвори Депозит” и во 4 чекори (пресметка на депозит, потврда за депозит, драфт договор за депозит и договор за депозит) се почнува со штедење. Договорот за електронско орочување на депозит од страна на клиентот и Банката се потпишуваат во електронска форма.

Кај Онлајн депозитот нема можности за дополнителни уплати и исплати. Во случај на предвремено раскинување на договорот, на депозитот се пресметува камата по видување според Одлуката за утврдување на висината на пасивните каматни стапки на Банката, за целото време во кое средствата биле орочени. Предвремено раскинување не може да се изврши електронски од страна на клиентот, туку единствено во филијалите/експозитурите на Банката.

Онлајн депозитот е уште еден чекор на Халкбанк, која е лидер во воведувањето нови современи технологии, во дигитализацијата на финансиските услуги во земјава.

Депозити

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица

Објавено

на

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица во МКД и ЕУР од 0,01 до 0,40 процентен поен. Новите каматни стапки се со важност од 7.7.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Комерцијална банка АД Скопје од 1-ви јули ги намали каматните стапки на депозитите

Објавено

на

Почнувајќи од 01.07.2020 година, Комерцијална банка АД Скопје ги намали каматните стапки на дел од орочените денарски депозити на правни лица со фиксна каматна стапка (за договори склучени по 01.10.2017 година) и на дел од орочените денарски депозити на правни лица со прилагодлива каматна стапка (за договори склучени пред 01.10.2017 година) за 0,20 п.п. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

ПРОМО ФИКС – промотивни депозити од ТТК Банка во денари и евра на 15 и 25 месеци

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје нуди промотивни депозити – ПРОМО ФИКС со атрактивни фиксни каматни стапки за штедење во денари и во евра на 15 и 25 месеци, во промотивниот период од 20 мај до 30 септември 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно