Connect with us

Анализи

Олеснети условите за кредит, се очекува трендот да продолжи

Објавено

на

Олеснување на кредитните услови во последниот квартал од 2019 година покажуваат објавените податоци од Анкетата за кредитната активност. Олеснување на условите има и кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор. Очекувањата се дека и во првиот квартал од оваа година ќе има натамошно олеснување на кредитните услови.

Олеснувањето, според објавените податоци, е поизразено за кредитите на големите претпријатија и за долгорочните кредити. Една четвртина од банките укажуваат на олеснети кредитни услови, додека поголем делод банките (70 отсто) укажуваат на непроменети услови при одобрувањето кредити на претпријатијата. Нето-олеснувањето на условите за кредитирање на претпријатијата во четвртото тримесечје од годината, е посилно во споредба со очекувањата на банките дадени во претходната анкета.

Според согледувањата на банките за поединечните услови за кредитирање на корпоративниот сектор, најголемо олеснување во четвртиот квартал се забележува кај каматната стапка, слично како во претходната анкета. Мало заострување, се забележува кај барањата за обезбедување, за разлика од претходната анкета кога овој фактор придонесува за олеснување на кредитните услови.

Кај кредитите за домаќинствата олеснување на условите е забележано кај станбените и кај потрошувачките кредити.

Кај станбените кредити, околу осум отсто од банките (наспроти околу 59 отсто во претходната анкета) укажуваат на олеснување на кредитните услови, додека останатите банки укажуваат на непроменети кредитни услови. Кај потрошувачките кредити, околу 10 отсто од банките укажуваат на олеснување на кредитните услови, при што и понатаму најголем процент од банките укажуваат на непроменети кредитни услови. Притоа, околу 10 отсто од банките укажуваат на заострување на условите за одобрување потрошувачки кредити, што не е случај во претходната анкета. За првиот квартал од 2020 година банките и натаму очекуваат нето-олеснување на кредитните услови, кое е послабо во однос на очекувањата од претходната анкета.

Според согледувањата на банките олеснувањето во поголем дел произлегува од каматната стапка кај двата типа кредити на домаќинствата, при што значително е поизразено кај станбените кредити.

Банките укажуваат на изразено нето-зголемување на вкупната побарувачка на корпоративни кредити во четвртиот квартал од 2019 година, наспроти малото нето-намалување во претходната анкета.За наредното тримесечје, банките укажуваат на раст на вкупната побарувачка, но поумерено во споредба со очекувањата од претходната анкета.

Поребата од инвестициите во основни средстваи инвестициите во залихи и обртен капитал придонеселе за зголемување на побарувачката,

Во последниот квартал од 2019 година банките укажале на зголемување на побарувачката на кредитите во секторот домаќинства. Околу една третина од банките укажуваат на зголемување на побарувачката за станбени кредити, за разлика од претходната анкета кога согледувањата на банките укажуваа на намалување на побарувачката. Кај потрошувачките кредити, и понатаму се забележува намалување на нето-побарувачката, но значително послабо во однос на претходната анкета. Сепак, најголемиот процент од банките укажуваат на непроменета побарувачка на кредити од страна на домаќинствата.

Анализи

Се поевтини кредити во последните 5 години, но паѓаат и стапките на депозитите

Објавено

на

Каматните стапки на кредитите во последните пет години бележат постојан пад. Таков е трендот и за последниот статистички преглед за месец декември 2019 година кога каматната стапка на кредите се спуштила за прв пат под просекот од 5%. Ова се должи и на продолжувањето на послободна монетарна политика и помали трошоци за издавање на кредити на банките. Од друга страна пак, штедачите во последните пет години имаат помали каматни приливи на своите конта бидејќи исто така се намалуваат и каматните стапки за штедење. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

НЕДЕЛА НА ИНОВАЦИИ: Пакомак – прва македонска компанија која воведува светски тренд во рециклирањето

Објавено

на

Енормниот обем на отпад кој се креира со зголемена консумација во модерното општество, селективното одложување отпад, собирањето и неговото рециклирање е екстремно важен процес за одржување на чиста и незагадена околина. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Порака од Светската Царинска Организација по повод 26 јануари – Меѓународен ден на царината

Објавено

на

Царинската заедница повторно се здружува, обединета во одбележувањето на Меѓународниот ден на Царината, кој традиционално секоја година се одбележува на 26 јануари. На овој посебен ден членките, секретаријатот и партнери на СЦО од целиот свет се посветуваат на одредена тема. Така, во 2020 година, под слоганот „Царина се грижи за одржливост на граѓаните, просперитетот и планетата“, Царинската заедница ќе се фокусира на придонесот на Царината кон одржлива иднина при што социјалните, економските, здравствените и еколошките потреби ќе бидат во сржта на нејзините активности. (more…)

Продолжи со читање

Популарно