Connect with us

Останато

ОЕЦД: Светската економија се опоравува побрзо од очекуваното

Објавено

на

Глобалната економија се опоравува од падот предизвикан од епидемијата на новиот коронавирус побрзо отколку што се очекуваше пред само неколку месеци, благодарение на подобрените изгледи за Кина и САД, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Светската економија ќе се намали за 4,5% оваа година, што е сепак невиден пад во поновата историја, но помалку од првично предвидениот пад од 6,0 проценти во јуни, според ОЕЦД.

Под услов да нема неконтролирано ширење на вирусот Ковид-19, глобалната економија следната година ќе порасне за 5,0 проценти, проценува организацијата со седиште во Париз, намалувајќи ја јунската проекција на раст од 5,2 проценти во 2021 година.

Од друга страна, посилното разгорување на вирусот или построгите мерки за контрола може да ги намали предвидените нивоа за следната година за два до три процентни поени, предупредува ОЕЦД.

Во извештајот се забележува дека предвидувањата на ОЕЦД се засноваат на континуирана локализирани налети на епидемијата за што ќе бидат потребни локални активности, а не на национално ниво.

Исто така се претпоставува дека вакцината нема да биде широко достапна до крајот на следната година.

Останато

ИОРРМ преку видео конференција успешно организираше електронско изборно собрание

Објавено

на

На 16ти октомври 2020 година се одржа изборното собрание на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ), за првпат во целосно дигитална форма. Во време на неизвесност и отежнати услови заради пандемијата на COVID-19, ИОРРМ одлучи 27-та седница на Собранието на ИОРРМ да се одржи во форма на видео-конференција, пред се поради заштита на здравјето на членовите и вработените на ИОРРМ.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Што направи виртуелниот експерт Славчо од А1 Македонија за 30 дена?

Објавено

на

Виртуелениот експерт Славчо е чет-бот кој разбира и зборува македонски јазик. Со него можете да комуницирате на кирилица или латиница. Комуникацијата со Славчо е целосно бесплатна, a со него можете да разговарате на веб страницата на А1 Македонија или преку апликациите Viber и . (more…)

Продолжи со читање

Останато

Шпанските банки виновни за “хаосот” во Барселона?

Објавено

на

Фото: AS

Хаосот во Барселона повторно продолжува откако играчите ја отфрлија молбата на раководството за намалување на платите, обелоденија медиумите во Каталонија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно