Connect with us

Домашни банки

Од 21.09.2020 година (понеделник) Шпаркасе Банка ќе прифаќа фактури само во хартиена форма

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија ги известува сите деловни партнери и соработници дека Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба престанува со важност на 20.09.2020 година.

Поради тоа, од 21.09.2020 година Банката нема да ги прифаќа за евиденција и плаќање фактурите пратени по електронски пат кои не се издадени според член 53–б од Законот за ДДВ и не се регулирани со примена на електронски потпис, кој е заснован на квалификуван сертификат кој е уреден со Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис.

Деловните партнери на Банката, почнувајќи од 21.09.2020 година, фактурите треба да ги доставуваат во хартиена форма до архивата на Шпаркасе Банка Македонија на адреса ул.Македонија бр.34, 1000 Скопје.

Домашни банки

Признание од „Global Finance“ за Комерцијална банка за извонредно кризно лидерство

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје се стекна со признание за Distinguished Crisis Leadership in 2020 (Истакнато кризно лидерство во 2020 година) од страна на угледниот магазин „Global Finance“. Признанието е резултат на максималните напори што ги вложи Банката во услови на пандемија за да ги задоволи потребите и да им помогне на своите клиенти, да ги заштити своите вработени и да обезбеди поддршка на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје со нова експозитура во Скопје, Дебар Маало

Објавено

на

На 28 октомври 2020 година ТТК Банка АД Скопје свечено ја отвори новата експозитура во Дебар Маало во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

МБА: Македонскиот банкарски систем е стабилен и укинувањето на дозволата на една мала банка не ја доведува во прашање стабилноста на системот

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација следејќи ги најновите настани и дискусии во јавноста одржа состанок на кој се дискутираше за здравоста на банкарскиот систем и улогата на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно