Connect with us

Домашни банки

Од 1-ви април Халкбанк ќе ги исплаќа пензиите на секој први во месецот

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје воведе новина за приматели на пензија, преку која исплатата на пензиите ќе се врши секој 1-ви во месецот.

Доколку предвидениот ден е викенд тогаш исплатата се поместува за следниот работен ден.

Оваа новина е валидна почнувајќи од 1 април и со неа всушност се гарантира редовна исплата на пензијата на првиот работен ден во месецот за сите пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а се клиенти на Халкбанк.

Дополнителен бенефит за примателите на пензија преку Халкбанк е и уникатниот пензионерски пакет кој вклучува дебитна картичка за подигнување на средства од сите банкомати од сите банки во РМ без трошоци, можност за користење на дозволено пречекорување на трансакциската сметка и лимит на кредитна картичка до две пензии, можност за плаќање на сметките за комуналии (вода, струја, парно итн ) без провизија, како и можност за потрошувачки кредит со рок на отплата до навршување на 75 години на носителот на кредитот.

Домашни банки

Во Маврово во организација на Халкбанк, на 8 септември повторно ќе се одржи велосипедската трка Halk Velo Green

Објавено

на

Правецот Бистра – Леуново – Бистра во Маврово и годинава ќе биде рутата која ќе треба да се извози во рамките на хронометар велосипедската трка HALK VELO GREEN која веќе трета година по ред, на 8 септември ја организира Халкбанк АД Скопје како дел од платформата HalkEco. Сите вљубеници во велосипедизмот, професионалци и аматери, за учество можат да се пријават најдоцна до 29 август преку www.smartrace.club. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИБанка: Известување за Експозитура Лептокарија

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека Експозитура Лептокарија започнувајќи од 15.08.2022г. (понеделник) ќе биде привремено затворена поради реновирање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИ Банка ќе издаде нова емисија на Перпетуална обврзница на износ од 2,5 милиони евра

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје ќе издаде нова емисија на капиталниот инструмент Перпетуални или “вечни” обврзници на износ од 2,5 милиони евра. Издадениот капитален инструмент ќе се користи за зголемување на капиталот на банката. (more…)

Продолжи со читање


Популарно