Connect with us
P2_P_MK_1600x400

НБРМ

Од јули ќе се намалат каматите

Објавено

на

Од овој месец граѓаните ќе плаќаат пониски казнени камати на сметките за јули и тоа за струја, вода, парно, кредитни картички и денарски кредити ако задоцнат со плаќањето. Затезна камата ќе се намали за 0,25 % поени. Во земјава основа за пресметка на казнените камати е основната камата на Народната банка (НБРМ) која сега е 3 проценти.

Од март годинава основната камата на НБРМ или таа по која банките купуваат записи кај централната банка изнсува 3%. Претходно беше 3,25 %, затоа и сега има промена. Казнени камати наплатуваат банките за доцнењето во наплатата на кредитите на денарските кредити или кредитните картички, ако ратата не се плати по истекот на 30 дена од кога достасала за плаќање. Но затезни камати се пресметуваат и на сметките за телефон, па и за струја, парно. Всушност, од овој јули казнената камата за договори меѓу трговци и јавни претпријатија ќе биде 13 %, а досега беше 13,25% или 10 плус стапката на основната камата. Законската казнена камата во договорите во кои барем едно лице не е трговец или најчесто за физички лица од јули ќе биде 11 процентни поени, а беше 11,25 %.

За кредитите во девизи казнената камата се одредува поинаку, односно се зема како основа едномесечната стапка еурибор, зголемена за десет проценти. Ова се стапки само на казнените камати, додека банкарите, секако наплатуваат и редовни камати.

Наплатата е уредена во Законот за облигациони односи, каде стои дека таа се наплаќа без опомена на 30 дена од денот на приемот на фактурата или сметката, а ако тој ден не може да се одреди со сигурност тогаш се смета 30 дена по приемот на стоките и на услугите.

Народната банка има обврска да ја објави референтната каматна стапка за пресметка на казнената камата на почетокот на секое полугодие.

НБРМ

Состанок на Конституенцата: Со реформи до поправеден систем за сите

Објавено

на

На централниот дел од Состанокот на Холандско-белгиската конституенца на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ) којшто се одржува денес во Скопје, се дискутира за една од најважните економски теми на денешницата: „Како до поправеден систем за сите?“ Настанот започна со поздравно обраќање на премиерот Зоран Заев, по што свои излагања имаа министерот за финансии, Драган Тевдовски и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, како и директорите во ММФ и Групацијата на СБ задолжени за Конституенцата, Антони де Ланој и Кун Давидсе. Во текот на првиот дел од Состанокот, своја презентација одржа и потпретседателот на Групацијата на СБ за Европа и Централна Азија, Сирил Милер. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Состанок на Конституенцата во Скопје: истакнати меѓународни експерти ќе дискутираат за клучни економски теми

Објавено

на

Годинава ја имаме честа да бидеме домаќини на Состанокот на Конституенцата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ) во којашто членува нашата земја, за првпат по 2003 година, кога нашата централна банка и нашето министерство за финансии ја имаа улогата на организатори на овој значаен настан. Овој состанок претставува значајна можност да ја потврдиме подготвеноста да бидеме носители на настани коишто се на високо експертско ниво. Средбите на Конституенцата претставуваат своевиден форум на кој високите претставници на носителите на фискалната и монетарната политика во земјите членки на Конституенцата разменуваат мислења за економските политики и програмите на ММФ и СБ, како и за други клучни прашања за европската и светската економија. Ова беше истакнато денес на средбата со новинарите во Народната банка, организирана по повод одржувањето на Состанокот на Холандско-белгиската конституенца на ММФ и СБ од 21 до 23 јуни во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на Конференција на ЕЦБ

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на првата од двете панел-дискусии на 8. конференција на Европската централна банка (ЕЦБ) за земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈЕ). Оваа панел-дискусија следеше веднаш по поздравното обраќање на претседателот на ЕЦБ, Марио Драги и излагањето на директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард. Со неа претседаваше потпретседателот на ЕЦБ, Луис де Гвиндос и таа им беше посветена на предизвиците со кои се соочуваат земјите од ЦИЈЕ во контекст на глобалните трговски тензии. Се разгледуваа клучните прашања поврзани со промените на глобалниот трговски пејзаж коишто се резултат на зголемените протекционистички мерки и влијанијата коишто тие можат да ги имаат врз економиите на земјите од овој регион, кај кои во голема мера растот е предводен од извозот и често е поддржан од нивната вклученост во глобалните синџири на производство.

„Земјите од регионот на ЦИЈЕ се мали и отворени економии со висок степен на трговска и финансиска интеграција со остатокот од светот, а пред сѐ со Европската Унија, што упатува на можност за пренос на надворешни шокови, вклучително и трговски шокови во нив. Сепак, иако ризиците се присутни и може да се остварат, досега во регионот не се забележани позначајни ефекти од забавувањето на глобалната трговија.“ – нагласи меѓу другото Ангеловска-Бежоска во своето излагање.

Во рамките на дискусијата, акцентот беше ставен и на потребните промени во моделите на економски раст, заради намалување на подложноста на економиите на шокови во надворешното окружување, како што се поголемо фокусирање кон инвестициите за подобрување на продуктивноста и конкурентноста на економиите, тежнеење кон раст движен од иновациите и раст што ќе се заснова на поголема регионална трговска интеграција, којашто е особено значајна за малите економии.

Одделно внимание им беше посветено и на каналите преку кои може да се пренесат неповолните надворешни случувања во домашната економија, при што гувенерката на нашата централна банка посочи дека не е во прашање само трговскиот канал којшто може да доведе до помал извоз, туку дека неповолните ефекти може да се почувствуваат и преку каналот на намалена доверба на инвеститорите, што може да доведе и до помали капитални приливи во регионот, како и преку затегнување на условите на финансиските пазари. 

На оваа панел-дискусија на Конференцијата на ЕЦБ, покрај Ангеловска-Бежоска учествуваа и гувернерот на словенечката централна банка, Боштјан Васле, директорката на Одделот за економски прашања на Европската инвестициска банка, Дебора Револтела и главниот економист на Европската банка за обнова и развој, Сергеј Гуриев, а воведно излагање имаше генералниот директор на Директоратот за економски и финансиски работи при Европската комисија, Марко Бути. Тие заеднички констатираа дека треба да се продолжи со политики за задржување на макроекономската стабилност, но и со структурните политики коишто можат да го зголемат долгорочниот потенцијал за економски раст и да ја намалат ранливоста на економиите.

Втората панел-дискусија им беше посветена на одговорите на монетарната политика во ЦИЈЕ на финансиските шокови. Со неа претседаваше Беноа Кере од Извршниот одбор на ЕЦБ, а учествуваа гувернери на неколку централни банки и претставници на ММФ и Светската банка. 

Меѓу говорниците на ова издание на значајната традиционална конференција на ЕЦБ, Ангеловска-Бежоска беше единствениот висок претставник на централна банка на земја којашто сѐ уште не е членка на Европската Унија (ЕУ). Поканата упатена до неа за активно учество на една од двете панел-дискусии е уште една потврда дека во европската централнобанкарска заедница се препознаени и се вреднувани активностите коишто нашата централна банка ги презема чекорејќи по патот кон Европскиот систем на централни банки.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска го искористи своето учество на Конференцијата, којашто се одржа вчера во Франкфурт, и за одделни средби со високи претставници на ЕЦБ и со колеги од централни банки на земји од ЕУ.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange