Connect with us

Останато

Од утре до понеделник викенд без ДДВ, повратот на целиот платен ДДВ ќе биде вратен на сметките на граѓаните, но…

Објавено

на

Од утре треба да почне Викендот без ДДВ во кој повратот на целиот платен ДДВ за купените домашни производи и компјутери ќе биде вратен во целост на сметките на граѓаните. Тоа всушност ќе биде продолжен викенд кој ќе трае три дена, бидејќи ќе има и еден споен неработен ден поради празникот 11-ти Октомври.

Граѓаните ќе може да купуваат домашни производи и услуги до најмногу 30 илјади денари, како и комјутери и ИТ опрема.

Но, најважната работа што треба да ја знаат граѓаните е податокот дека продавницата од која што ќе пазаруваат мора да поседува фискален апарат од каде што уредно ќе им биде издадена фискална сметка на која точно ќе биде утврдено што е македонски производ, а што е производ од странство.

Исто така, многу важен податок за граѓаните доколку сакаат да го добијат целиот износ на ДДВ е тоа што добиената фискална сметка од пазарувањето ќе мора да ја скенираат за време на продолжениот викенд односно т.н. ВИКЕНД БЕЗ ДДВ. Доколку не ја скенираат фискалната сметка во тој период, тогаш поврат на ДДВ нема да добијат. 

 

Како што е предвидено со предложените измени на Законот за целосен поврат на ДДВ овој продолжен викенд сметките треба да се скенираат најдоцна три дена по издавањето, а целиот платен ДДВ на сметките на граѓаните ќе легне во рок од 15 дена.

Викенд без ДДВ е дел од новиот, четврти сет на владините антикризни мерки, со што всушност се надоградува успешниот проект за поврат на ДДВ кон физички лица.

Со оваа мерка ќе се опфатат повеќе од 350.000 граѓани, корисници на апликацијата „Мој ДДВ“. Со Викендот без ДДВ ќе се стимулира продажбата на домашните производи и услуги, како и зголемената дигиталиација на нашето опшство. Воедно, ќе се поттикне потрошувачка и ќе се зголемат приходите во одредени продажни сектори кои се погодени од корона кризата, а мерката ќе има и директен бенефит за граѓанте како крајни потрошувачи да купат одредени производи по пониска цена.

Основна цел на мерката Викенд без ДДВ, според В.Д. директорот на Управата за јавни приходи, Фарук Омери е враќање на повеќе пари кај граѓаните, поттикнување на потрошувачката, а со тоа и поддршка на домашната економија.

На подолг рок, како што изјави Омери, „МојДДВ” значи и борба со сивата економија, секој граѓанин е инспектор на терен со тоа што бара да му се издаде валидна фискална сметка, а доколку истата не му биде издадена, ќе може да пријави во УЈП од каде што ќе бидат преземени соодветни мерки.

Останато

Пензиите ќе се зголемат за 8,4 проценти!

Објавено

на

Советот на социјална сигурност денеска на состанок усвои зголемување на пензиите. Просечната пензија од 17 666 денари се зголемува на 19 150 денари. Зголемувањето на мартовската пензија согласно методологијата ќе биде зголемување од 8,4 проценти што е повеќе од очекуваното, информира премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ПАНТЕЛЕОН ГС понуди 330 милиони денари со што станува потенцијален сопственик на зградата на Еуростандард Банка во центарот на Скопје

Објавено

на

Во текот на вчерашниот ден, на третата електронска лицитација за продажба на зградата на Еуростандард Банка-во стечај како потенцијален и мошне извесен иден сопственик на имотот се јави компанијата Пантелеон ГС која понуди 330 милиони денари. Оваа понуда беше избрана за најдобра во текот на вчерашната електронска лицитација. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Стапката на инфлација во Аргентина се искачи на повеќе од 100 проценти

Објавено

на

Стапката на инфлација во Аргентина изнесува повеќе од 100 проценти, што се случи за првпат по хиперинфлацијата во оваа земја во текот на 90-тите. Аргентина банкротираше во 2001 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно