Платежни картички
Од понеделник (29-ти јуни), УНИБанка започнува со издавање на Домашните платежни картички – КУПУВАМ ДОМАШНО

УНИБанка АД Скопје е една од деветте банки преку кои се издава „Домашната платежна картичка“, која е дел од третиот сет на мерки на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на одредени групи на граѓани и на домашната економија.
Во интерес на граѓаните УНИБанка ги изработи сите картички кои почнувајќи од понеделник 29-ти jуни, корисниците ќе може да ги подигнат преку експозитурите на банката. Картичките ќе бидат распределени по клиенти според податокот за адреса на живеење доставен од страна на Владата на РСМ.
Картичките се распределени по експозитурите на банката на следниот начин:
1) Клиенти кои според податокот за адреса на живеење доставен од страна на Владата на РСМ се од скопскиот регион, се поделени по експозитури на банката во Скопје според првата буква од името на корисникот и тоа:
- А; во експозитура Централа
- Б, Д, Е, Џ; во експозитура Плоштад Македонија
- Г, Ѓ, И, Ф, Х; во експозитура Скопјанка
- Ј, К, Л, Љ, Н, Ќ; во експозитура Аеродом
- М, О, П; во експозитура Кисела Вода
- Р, С, Ш; во експозитура Лептокарија
- Т, У, В, З; во експозитура Ѓорче Петров
2) Клиенти кои според податокот за адреса на живеење доставен од страна на Владата на РСМ се од внатрешноста на државата, се поделени по експозитури на банката во соодветниот град, или доколку нема експозитура на УНИБанка, во најблиската експозитура според адресата на живеење.
Дополнително корисниците за кои Банката располага со податок за мобилен телефонски број ќе добијат СМС порака со информација за експозитурата во која треба да ја подигнат својата картичка.
За подигнување на картичките, од УНИБанка апелираат аздолжително со себе клиентите да понесат валиден документ за идентификација (лична карта или пасош). За малолетно лице, корисник на домашна платежна картичка, кое нема валиден документ за идентификација, задолжително е присуство на родител/старател и носење на документ – извод од матична книга на родени.
Воедно, од УНИБанка сакаат да ги информираат граѓаните дека со Уредбата на Владата на Р. Северна Македонија средствата на оваа платежна картичка ќе можат да ги користат до 15-ти август 2020 година за купување на македонски производи.
УНИБанка како општествено одговорна компанија ја поддржува оваа иницијатива на Владата, а за граѓаните и компаниите во изминатиот перод банката презема значаjни активности со цел да одговори на предизвиците кои ни ги наметна оваа пандемија и да го олесни справувањето со последиците од неа.
Банката апелира до своите клиенти во овој период да ги извршуваат сите банкарски трансакции преку нивното електронско банкарство. Превземањето на бесплатнитемобилни апликации My Unibank и UNI Token е брзо и едноставно на мобилен телефон или таблет, а со тоа иматедостапност до сите банкарски услуги и производи од секаде и во секое време.
При посета на експозитурите, за поголема безбедност на клиентите и на вработените, УНИБанка замолува да се почитуваат мерките за спречување на пренесување на COVID-19 (задолжително носење на заштитна маска или марама и физичко дистанцирање).
За повеќе информации во врска со домашната платежна картичка и останатите новости и актуелни понуди, граѓаните можат да jа посетат веб страната на банката, да се обратат на e-mail: info@unibank.com.mk или директно да ја контактираат Банката на телефонските броеви:02/ 3 111 111 и 02/ 3286 100.
Платежни картички
Mastercard кредитни картички од Комерцијална банка без надомест за аплицирање

Дозволете си повеќе со кредитните картички од Комерцијална банка, кои до 15.06.2023 година може да ги добиете и без надомест за аплицирање и обработка на барање. (more…)
Домашни банки
„ШТЕДИ И КОГА ПЛАЌАШ“ – нова услуга од Шпаркасе Банка за сите корисници на дебитни картички

Со цел промовирање на штедењето како корисна навика важна за финансиското здравје, како и одговарање на предизвикот наречен штедење, каде што секој клиент може да штеди и тоа незабележливо, Шпаркасе Банка воведе нова услуга за корисниците на дебитни картички издадени од Банката – „Штеди и кога плаќаш“. (more…)
Платежни картички
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје

Халкбанк АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека од 24.04.2023 година својата палета на платежни картички ја дополнува со нова кредитна платежна картичка Visa Travel. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје