Connect with us

Останато

Од петок (26.11) започнува етапната исплата на ноемвриските пензии

Објавено

на

На последната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец ноември 2021 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.11.2021 година, врз основа на што деловните банки ќе можат да обезбедат пензионерите да може да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.11.2021 година.

Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.11.2021 година (петок);
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.11.2021 година (понеделник);
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.11.2021 година (вторник); и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.12.2021 година (среда).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 26-ти ноември (петок).

Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Останато

Нина Ангеловска избрана за прв претседател на Балканската Алијанса за е-трговија

Објавено

на

Асоцијациите за е-трговија на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија, потпишаа Меморандум за формирање на Балканска Алијанса за е-трговија која ќе се залага за олесување и унапредување на регионалната е-трговија. Формирањето на Балканската алијанса беше поддржaнo од Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија, спроведен од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), поддржан од Германија и ЕУ, во чии канцеларии беше потпишан меморандумот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Објавено

на

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Објавено

на

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно