Connect with us

Сметки

Од петок (26-ти јуни) ќе започне исплатата на јунските пензии

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на својата последна 72-ра седница одржана во текот на денешниот ден ја разгледа и усвои Информација за исплата на пензии за јуни 2020 година, со утврден распоред за исплата на пензиите за месец јуни со цел да се избегне ризикот од КОВИД-19, според која сите банки дале согласност јунските пензии да бидат предвреме процесуирани за готовинска исплата во четири групи (денови) почнувајќи од 26.06.2020 година, како и согласност безготовинската исплата да се овозможи од 26.06.2020 година, односно јунските пензии да се користат преку банкомати и во трговска мрежа од 26.06.2020 година.

За оваа цел, потребно е Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.06.2020 година, а деловните банки од 26.06.2020 година да обезбедат пензионерите со јунските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, според постигната согласност од банките ќе се спроведе во четири групи (денови) во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно следниот распоред:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.6.2020 година (петок);
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.6.2020 година (понеделник);
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2020 година (вторник); и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.7.2020 година (среда).

Домашни банки

Garmin Pay – нова иновативна услуга за брзо и едноставно плаќање со Garmin часовник од Халкбанк

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје, како лидер во воведувањето нови технологии, креираше нов иновативен производGarmin Payкој овозможува брзо и едноставно плаќање со Garmin часовник, со што стана и прва банка на пазарот што воведува плаќање со паметен часовник. (more…)

Продолжи со читање

Сметки

Силк Роуд Банка со промотивна кампања за дозволено пречекорување на сметка за правни лица

Објавено

на

Силк Роуд Банка воведе нов производ наменет за сите правни лица постојни клиенти на банката – дозволено пречекорување на трансакциска сметка („overdraft“). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка го намали месечниот надоместок за одржување на трансакциска сметка за физички лица

Објавено

на

Во услови за справување со пандемијата која ја предизвика коронавирусот КОВИД-19, одржувањето на економската стабилност и благосостојба на сегашните и идни клиенти претставува врвен приоритет за менаџментот во Шпаркасе Банка Македонија. Особено за сегментот население, кој во овој период е фокусиран првенствено кон заштита на сопственото здравје и обезбедување на потребната сигурност, овозможуваме поддршка со намалување на месечниот надоместок за одржување на трансакциската сметка за 50%, со важност од 18 август 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно