Домашни банки
Од оваа есен нови кредитни производи на Еуростандард банка


Со доаѓањето на есента животните трошоци нагло растат, трошоците поврзани со новата училишна година мораат да бидат подмирени, школарината за новата студентска година да биде платена, средствата потрошени за годишниот одмор да се надокнадат.
А, кога на сето ова ќе се додадат и режиските трошоци, кои не трпат одлагање, мораме да признаеме дека крајната сума која треба да се одвои не е за потценување. Од друга страна, сите сакаме да го подобриме квалитетот на живеење, нашиот но и на нашето семејство. Па така, во овој период од годината, по пеколните летни горештини, размислуваме и за реновирање, можеби нов автомобил, нов дом, а зошто да не, и едно убаво есенско патување. Но, честопати, буџетот со кој располагаме едноставно не е доволен за сè што ни треба или сè што посакуваме.
За исполнување на сите желби и потреби, на располагање ги имаме кредитните продукти на Еуростандард банка кои од оваа есен стануваат уште подостапни и интересни.
Следејќи ги трендовите за сезонските потреби на клиентите и секогаш стремејќи се истите да ги задоволи, Банката одлучи од оваа есен да понуди нови атрактивни кредитни продукти за полесно реализирање на сите животни планови и проекти. Во палетата на кредитни производи на Банката, во следните неколку месеци, ќе се најдат кредити со поволни каматни стапки и услови.
Затоа, доколку ви е во план да земате кредит, можеби паметна одлука ќе биде да ја причекате и погледнете понудата на Еуростандард банка која ќе биде достапна наскоро. Повеќе детали поврзани со новите поволни кредити следуваат наскоро и ќе бидат објавени на веб страницата на Банката.
Домашни банки
Стопанска банка а.д. Битола доделува бесплатни влезници за ЗОО Скопје


Стопанска банка а.д. Битола е верен пријател на Скопската зоолошка градина. Со посебна акција ја изразува поддршката на едно од најубавите и највеселите места за забава во градот. (more…)
Business Man
Членот на Надзорниот одбор Горан Антевски купи нови 400 акции од Комерцијална банка АД Скопје
Домашни банки
НЛБ Банка пријател на 11-то издание на самитот ,,Македонија 2025”


НЛБ Банка и оваа година е пријател на 11-то издание на самитот ,,Македонија 2025” кој се одржува во Скопје. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје