Connect with us

Останато

Од Министерството за финансии демантираат: Не се планира зголемување на стапките на ДДВ и на персонален данок, туку уделот кој општините го добиваат од наплатата

Објавено

на

Во јавноста излегоа информации дека ќе има зголемување на стапката на данокот на додадена вредност, како и на персоналниот данок, откако министерот за финансии, Фатмир Бесими гостуваше во емисијата „Економски магазин” на Алсат телевизија.

Сепак, од Министерството за финансии велат дека информацијата е погрешно протолкувана и со цел точно информирање на јавноста информираат дека МФ планира постепено зголемување на процентот што го добиваат општините од приходите од персонален данок на доход, како и зголемување на стапката на дотација од наплатениот ДДВ, според перформансот на општините. Воедно, планирано е и  формирање на „Фонд за перформанси“ и „Фонд за изедначување“.

Целосното соопштение на Министерството за финансии Ви го пренесуваме во целост:

„Почитувани,

Во насока на точно информирање на јавноста истакнуваме дека не се планира зголемување на стапките на ДДВ и на персоналниот данок.

Имено, изјавата на министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата „Економски магазин“ се однесува на зголемување на уделот кој општините го добиваат од наплата на ДДВ-то и од персоналниот данок, како трансфери од централен буџет, а не на стапките на ДДВ и персонален данок.

Министерот за финансии гостуваше во емисијата „Економски магазин“ на тема „Фискална децентрализација“, каде ја презентираше реформата за унапредување на фискалната децентрализација.

И самиот автор на емисијата „Економски магазин“ Горан Теменугов преку социјалните мрежи посочи: „поради мала непрецизност објавена на веб-страната на Алсат, каде што стоеше дека ќе се зголемува ддв и персоналниот данок, дојде до забуна во јавноста. Информацијата се однесува на зголемување на тоа колку општините ќе добиваат од собраниот ддв и персоналец, а не на зголемување на даноците. Значи, ќе се зголеми процентот што ќе го добијат општините, а не даноците. Јас се извинувам за непрецизноста и во иднина ќе се потрудам да не се повтори ваков пропуст…“

Во рамки на реформата за унапредување на фискалната децентрализација, за која претходно и министерот за финансии и Министерството за финансии ја информираа јавноста, се предлагаат три столба – подобрување на фискалниот капацитет на општините, домаќинско и отчетно работење и зголемување на транспарентноста.

Кај првиот столб се предлага зголемување на уделот кој општините го добиваат од наплатата на персонален данок, како и постепено зголемување на стапката на дотација од наплатениот ДДВ, според перформансот на општините. Имено, планирано е формирање два фонда: Фонд за перформанси за општините коишто покажуваат позитивни резултати и имаат повисока реализација на сопствените приходи и Фонд за изедначување за општините коишто имаат пониски приходи, но истите покажале фискален напор и добри резултати во прибирањето на сопствените приходи.

Овие предлози ќе бидат ставени на јавна дискусија со ЗЕЛС и со сите засегнати страни со цел оваа реформа да се носи преку еден транспарентен и инклузивен процес.”, се вели во соопштението на Министерството за финансии.

Останато

Нина Ангеловска по втор пат избрана за “жена амбасадор за е-трговија” на УНКТАД

Објавено

на

Нина Ангeловска, по втор пат беше избрана за „жена амбасадор на e- трговија“ од страна на УНКТАД – телото на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој, заедно со уште пет други успешни жени претприемачи од целиот свет. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Дигитализацијата на образованието да се реализира во инклузивен процес

Објавено

на

Информациските и комуникациски технологии доколку се користат на соодветен начин можат да допринесат за значително подобрување на квалитетот на живот, работа и создавање нови вредности, со што повеќекратно се оправдуваат напорите за имплементација на овие технологии, реагира Саша Огненовски од ИКТ Комората на Македонија поврзано со полемиките кои се водат во јавноста околу воведување на дигитализација на учебниците во образовниот процес. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ и УНДП потпишаа Меморандум за унапредување на фискалната децентрализација, реформи во јавните финансии и економски развој

Објавено

на

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе ги поддржи планираните реформи во насока на унапредување на фискалната децентрализација во земјава и зајакнување на капацитетите на локалните власти, како и градењето подобар систем на јавни финансии, воопшто. Помеѓу Министерството за финансии, претставувано од министерот за финансии, Фатмир Бесими и постојаната претставничка на УНДП во земјава, Нарин Сахакјан беше потпишан Меморандум за разбирање, којшто предвидува соработка во повеќе области. (more…)

Продолжи со читање


Популарно