Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Од идеја до реализација со Фонд за иновации и технолошки развој

Објавено

на

Стартап е нова компанија и обично е претприемачки потфат. Стартап е нов и брзо-растечки бизнис кој има за цел да исполни дел од пазарот. Најчесто претприемачите нудат иновативни производи и услуги со цел да задоволат некоја потреба.

За да отворите нова компанија, покрај тоа што треба да имате идеја, треба да имате и бизнис модел. Бизнис моделот ќе ви каже како вашиот стартап ќе создава, нуди и додава некаква вредност. Со други зборови, како ќе заработувате.

За да имате брзо растечки стартап вие мора да бидете самоодржливи и скалабилни. Самоодржливи значи дека треба да остварувате приходи кои се поголеми од трошоците. Скалабилност значи да не го презасите пребрзо пазарот и да можете да излезете надвор од границите на една држава. Притоа трошоците да не ви се зголемуваат правопропорционално со приходите.

Доколку имате идеја не плашете се да ја реализирате. Секако првиот проблем со кој ќе се соочите е одговорот на прашањето “Како да најдам финансиски средства за мојата идеја?„

Точниот одговор ќе го добиете денес, во 11 часот на Еконосмки факултет – Скопје, УКИМ. Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) објавува нов повик за финансирање на старт ап компании. Фокусот на оваа програма на ФИТР се #млади, а во соработка со Светска банка Скопје доделуваат 1 милион евра за развивање на нови бизниси.

Останато

ССК: Прв центар за медијација по европски модел

Објавено

на

Во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) отворен е првиот Центар за медијација, по примерот на европските и земјите во светот, каде во рамки на коморите, функционираат Центри за медијација, со цел промовирање на принципот за пристап до правда за сите,  како и исполнувањето на меѓународните стандарди, беше истакнато на денешната прес конференција на Сојузот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Граѓаните досега скенирале скоро 3 милиони фискални сметки во вредност од 1,5 милијарди денари

Објавено

на

Од почетокот на месецов, граѓаните имаат можност да побараат поврат на 15% од платениот Данок на додадена вредност (ДДВ) преку примената на владиниот проект „Мој ДДВ“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Услугите на Тиго Фајнaнс отсега уште подостапни за жителите на Гевгелија

Објавено

на

Со цел да биде уште поблиску до своите клиенти и да обезбеди врвно корисничко искуство во секој контакт со клиентите, Тиго Фајнанс ја проширува својата продажна мрежа, отворајќи ја денес новата, 18-та по ред филијала, во Гевгелија. Филијалата е лоцирана на ул. Слободан Митров-Данко бр.87. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange