Connect with us

Останато

Од денес нема плаќање во кеш за суми над 120.000 денари

Објавено

на

Од денеска е забрането плаќање во готово за стоки и услуги во износ над 2.000 евра во денарска противредност, според најновите измени на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам објавени неодамна во Службен весник.

Со стариот закон претходниот праг за плаќање во готовина беше 15.000 евра.

Законот предвидува од 1 јануари 2019 година износот за плаќање во готово ќе се намали на 1.000 евра, а од 1 јуни следната година тој износ ќе се намали на 500 евра во денарска противвредност.

Примената на оваа законска забрана, која се прави со цел да се намали сивата економија во земјата, ќе ја контролира Управата за јавни приходи.

Забраната важи за физички и правни лица.

Останато

САД им се заканува на државите кои инвестирале во Русија

Објавено

на

Вашингтон го повтори предупредувањето дека може да воведе санкции за западноевропски компании кои инвестирале во рускиот гасовод „Северен тек 2“ кон Германија.

Според американската Влада, Москва го користи проектот за да предизвика раскол во Европа.

– Бевме јасни дека постои ризик од воведување санкции за компаниите кои работат во секторот на рускиот енергетски извоз, изјави претставник на американскиот Стејт департмент.

Тој додаде дека Вашингтон смета оти „гасоводот ќе ја поткопа целата енергетска безбедност и стабилност на Европа, давајќи и на Русија уште еден инструмент за вршење политички притисок врз европските земји, особено врз Украина“.

– Русија сфаќа дека овој проект ја дели Европа и го користи за да добие предност, истакна тој.

Пет западноевропски компании инвестирале во „Северен тек 2“ – германските Унипер (Uniper) и Винтерсхал (Wintershall), австриската О Ем Ви (OMV), француската Анжи (Engie) и англо-холандската Шел (Shell).

Продолжи со читање

Останато

84 поиновативни држави од Македонија

Објавено

на

Според “Global Innovation Index 2018„ оваа година Македонија е на 84 место и доживува пад од 23 места.

Од регионот Србија е на 55-тото место, Црна Гора на 52-то место, Хрватска на 41-во, Бугарија на 37-мо и Албанија на 83-тото место. Односно, според нив, сите држави во регионот се поиновативни од Македонија.

На прво место е Швајцарија, по што следуваат Холандија, Шведска, Велика Британија и Сингапур.

За првпат Кина се најде меѓу 20-те наиновативни економии. Од четвртото место минатата година, САД паднаа на шесто, додека Кина напредуваше од 22-та до 17-та позиција.

Индексот на иновации се издава на годишно ниво од страна на WIPO, Универзитетот Корнел и бизбнис школоата INSEAD.

Продолжи со читање

Останато

Зголемување на минималната плата!

Објавено

на

Работодавачите ќе ја зголемат минималната плата со цел да ги задржат своите работници!? (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange