Останато
Од денеска нови правила за пренесување на готовина преку границите на ЕУ


Новите правила за контрола на готовина и вредни предмети што влегуваат и излегуваат од ЕУ денеска стапуваат во сила, со тоа што сите патници кои влегуваат или излегуваат од ЕУ треба да пополнат декларација за готовина кога носат 10.000 евра или повеќе или противредност во други валути, како и други средства за плаќање како што се патнички чекови или меници, пренесува „Танјуг”.
Европската комисија наведува дека новото правило е дел од напорите на ЕУ во борбата против перењето пари и изворите на финансирање тероризам.
Од денес ќе се применуваат бројни измени во ЕУ, што дополнително ќе ги заостри правилата и уште повеќе ќе го отежни преносот на големи количини на „неоткриена“ готовина.
Прво, дефиницијата за „готовина“ според новите правила ќе се прошири за ќе вклучува златници и одредени други златни предмети.
Второ, царинските власти ќе можат да постапуваат по износи помали од 10.000 евра, кога има индиции дека готовината е поврзана со криминална активност.
Конечно, царинските власти сега исто така може да побараат да се направи декларација кога ќе забележат дека готовина од 10.000 евра или повеќе се испраќа без придружба со пошта, стока или курир.
Новите правила ќе обезбедат надлежните органи и националната единица за финансиско разузнавање во секоја земја-членка да имаат информации потребни за следење и решавање на движењето на готовина што може да се искористи за финансирање на нелегални активности, заклучуваат во Брисел.
Останато
Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 проценти


Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. (more…)
Останато
Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари


И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „МИА”. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје