Останато
Од вторник (27.07) започнува етапната исплата на јулските пензии


Oд вторник 27.07.2021 година, започнува етапната исплата на јулските пензии. На последната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јули 2021 година и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.07.2021 година.
Владата им препорача на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јулските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.07.2021 година (вторник).
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 27 јуни (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
Исто така, на банките им се препорачува преку нивните филијали и експозитури да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
- За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.07.2021 година (вторник);
- За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.07.2021 година (среда);
- За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.07.2021 година (четврток); и
- За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 30.07.2021 година (петок).
Останато
Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 проценти


Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. (more…)
Останато
Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари


И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „МИА”. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје