Connect with us

Business Man

Од банкарски службеник до листата на 30 најуспешни млади бизнис лидери

Објавено

на

Business Elite Awards, бренд на реномираната канадско-американска компанија Global Top Brands Awards, го позиционира Владо Цекиќ (основач на squareONE Marketing & Advertising) на листата најуспешни млади бизнис лидери под 30 години, предводници во промоција на претприемништвото и идниот раст на бизнис задницата.

Индивидуалниот успех на 30-те млади бизнис лидери, дел од светската бизнис алумни елита, ќе биде предводник кон сплотување на младите алумни кон поддршка и развој на бизнис заедницата и подобрување на општествениот и бизнис амбиент во земјата.

Почетоците зад успехот во работата се благодарност за пожртвуваноста и активен стремеж кон една цел: преточување на универзитетското образование во пракса и борба за кариерен напредок во областа.

„Пронаоѓањето на искрата за успех и афирмација е макотрпен пат и долга битка на умствен и физички напор. Сè уште го паметам последниот ден од додипломските студии на Економскиот Факултет во Скопје и ентузијазмот зад одбраната на додипломската теза на тема “Фискална Дивергенција и дебаланс на тековните сметки на Европските земји”. Години на студии каде, како и за секој студент – денот е ноќ, а ноќта ден, но водилка е стремежот за прогрес. Повеќе од сè, ја паметам желбата за кариера во банкарството, инспирација зад научната афирмација и реализација на постдипломските студиите во 2017-та година на департманот за Монетарна економија, финансии и банкарство на Економскиот факултет во Скопје при УКИМ.”, вели Владо Цекиќ, потсетувајќи се на своите почетоци.

Амбицијата за кариерен раст во банкарството ретроспективно ја отсликува професионалната кариера на Владо, во низа брзи и динамични поглавја на работни позиции на благајничкото работење, планирање и известување во секторот за управување со физички лица, како и маркетинг соработник, во две банкарски групации во земјата.

„Постои интересен феномен кога станува збор за банкарското работење. Многу луѓе тежнеат да бидат дел од истото, а многумина кои се веќе дел, бараат излез. Од денешна перспектива, веројатно сум се вбројувал во двете. Во секој случај, го ценам фактот што создадов можност да го направам својот избор. За време на банкарското работење живеев во светот на Excel табелите, долгите финансиски извештаи и многу бројки. И додека уживаш во професијата до одреден степен, забележуваш дека се повеќе ти се намалува креативноста и желбата за создавање и креирање нешто ново. По долгогодишна напорна работа, се обидов да ја рефлектирам мојата позиција од неутрален аспект, занемарувајќи ја илузијата на општествениот концепт на „стабилна и сигурна работа”. Кога станува збор за професионална кариера верувам во ставот дека нема загарантирана позиција за успех. Паметните избори може да се покажат како погрешни, a „безбедните работни места” може да исчезнат без економска криза. Од друга страна пак, изборот кој се чини ризичен за пријателите, а ги загрижува родителите може да се покаже како победнички, но единствениот начин да се знае сигурно е да се направи избор.”, вели Владо Цекиќ компарирајќи го банкарското работење со претприемачкиот сопствен бизнис.

Несомнено, дисперзијата во транзицијата од банкарска во маркетинг индустрија е широка, а траекторијата во претприемништвото долга, сепак мислата поттикната од растот и желбата за напредок и овозможува на компанијата интернационален успех и меѓународна соработка со клиенти во повеќе од 30 индустрии, 3 континенти и 10 земји.

„Најголемата промена е разликата во начинот на размислување. Искористувањето на професионалното искуство во комбинација со сопствена интуиција креираа само дополнителен бенефит во развојот на основните столбови на компанијата. Но, успехот е резултат на тимот. Идејата за squareONE ја изградив заедно со Милош Ристоски (ко-основач) кој на 22 години беше еден од најмладите претприемачи во нашата земја. Неговиот професионален развој и раст сè уште продолжува силно да ме инспирира. Успехот се огледува токму во тоа. Како претприемач, тимот не работи за вас, вие работите и сте дел од истиот, учите од него и го сакате, чувство кое навистина ми недостасуваше претходно.”, вели за Банкарство.мк, младиот инспиративен лидер кој стана дел од светската бизнис алумни елита.

Низ професионалната пирамида и кариерен раст, честопати амбицијата е многу силна, но сложеноста на корпоративната реалност ја бледнее истата. Од друга страна пак, мали, но значајни стравови за напуштање на комфорт зоната, честопати знаат да го лимитираат потенцијалот.

„Многумина ќе се обидат да најдат дипломатски начин да прашаат дали сте го изгубиле умот, a голем дел од колегите ќе кажат дека се восхитуваат на вашата храброст, истовремено шепотејќи дека сте направиле сериозно глупав потег. Она во кое јас сум сигурен е: бидете дел од работа во која се чувствувате ценети и вредни, и место каде што сте горди на резултатот кој го создавате.”, советува за крај Владо Цекиќ.

Business Man

Џеф Безос трета година по ред е најбогат човек на светот според Форбс

Објавено

на

Најбогатите 400 Американци вредат рекордни 3,2 трилиони долари, што е за 240 милијарди долари повеќе од пред една година, а растот на богатството го поддржа и берзата што му се спротивстави на Ковид-19 вирусот. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Драган Тевдовски ќе работи како советник на извршниот директор на ММФ во Вашингтон, назначен од Народната банка

Објавено

на

Драган Тевдовски, поранешниот министер за финансии, ќе работи како советник на извршниот директор во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, како претставник од Македонија испратен од Народната банка, потврдија за „360 степени“ од Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Владо Цекиќ на листата 30 највлијателни и најуспешни млади бизнис лидери Business Elite’s “Under 30” CEE

Објавено

на

Владо Цекиќ основач и извршен директор на squareONE Marketing & Advertising, станува дел од светската бизнис алумни елита, како млад инспиративен лидер и предводник во унапредување на претприемничката култура и идниот раст на бизнис заедницата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно