Connect with us

НБРМ

Одржан состанок со директорот на Одделот за статистика на ММФ: Народната банка обезбедува висококвалитетни статистички податоци

Објавено

на

Народната банка преку квалитетното извршување на статистичката функција и натаму придонесува за јакнење на процесот на донесување одлуки на економските чинители. Постојано се прибираат, се изготвуваат и се објавуваат податоци согласно со меѓународните стандарди, а не заостануваат ни активностите за развој и надградба во одделните статистички домени.

Во овој контекст беше истакнато дека Народната банка за првпат ќе објави и ќе достави и нов сет статистички податоци за показателот должнички хартии од вредност. Со тоа, Народната банка е на чекор до целосното исполнување на показателите што се во нејзина надлежност, а произлегуваат од највисокиот статистички стандард за дисеминација на податоци на Меѓународниот монетарен фонд – СДДС плус, којшто го исполнуваат само 29 земји во светот. За ова беше разговарано на состанокот меѓу директорот на Одделот за статистика на ММФ, Алберт Крусе и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска, одржан во рамките на Годишните средби на ММФ и Светската банка.

Активностите на Народната банка беа насочени пред сè кон унапредување на податоците во доменот на финансиските сметки, процес потпомогнат од Одделот за статистика на ММФ. За таа цел, Народната банка предвидува покрај објавување годишни состојби, да започне со објавување и квартални податоци за финансиските сметки, со што ќе се овозможи достапност на пофреквентни информации за носителите на политиките и за согледување на движењата по одделните сектори, коишто може да претставуваат показател за евентуални економски ранливости.

На состанокот беше истакнато дека Народната банка постојано применува практики за зајакнување на транспарентноста во однос на статистичките податоци. Народната банка остварува редовна комуникација со известувачите и со корисниците на статистичките податоци, а за следење на напредокот во оваа област беше спроведена Анкета за задоволството на известувачите и корисниците на статистиката. Резултатите од Анкетата спроведена во октомври 2021 година потврдија дека Народната банка обезбедува висок квалитет на статистичката функција. Добиените одговори и предлози ќе се користат за планирање на активностите за понатамошно унапредување на комуникацијата со корисниците и рационализирање на процесот на известување.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Објавено

на

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап до надворешно финансирање. Ова беше дел од дискусијата на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на тркалезната маса којашто ја водеше директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, во рамките на конференцијата под наслов „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Конференцијата ја отвори директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, заедно со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на конференција од висок профил во Хрватска во организација на ХНБ и ММФ

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествува на конференција во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која се одржува од 2 до 3 јуни во Дубровник, Хрватска. Конференцијата насловена „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, е настан од висок профил, кој традиционално обединува гувернери, министри за финансии од регионот на ЦИЈЕ и високи претставници на меѓународни финансиски организации, а оваа година учество ќе земе и претседателката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка им ги пренесува искуствата за изготвување статистика на финансиските сметки на другите централни банки

Објавено

на

Народната банка, покрај тоа што е посветена на развојот на институционалниот капацитет на своите вработени, ги пренесува и своите знаења, професионално искуство и најдобри практики во областите коишто се предизвик за другите институции во земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Директорката на Дирекцијата за статистика при Народната банка, Снежана Јанеска-Поповска, учествуваше како предавач на Работилницата за финансиската статистика, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), меѓународна организација којашто функционира како центар за размена на знаења и соработка во нашата конституенца. Темите што се обработуваа на Работилницата се однесуваа на различните практични и концептуални аспекти на составувањето на статистиката на финансиските сметки, со осврт на секторите и финансиските инструменти, конзистентноста на националните секторски сметки, изворите на статистички податоци, изготвувањето податоци за состојбите и тековите, преку искуствата на неколку европски централни банки, ЕЦБ и ММФ. (more…)

Продолжи со читање

Популарно