Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Одржана 9та седница на Комисијата за хартии од вредност

Објавено

на

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 9-тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити даде согласност на Одлуката за измени и дополнувања на Тарифникот за висина на надоместоците на “Македонска берза” АД Скопје. Со овие корекции се овозможува континуираните државни обврзници да котираат на берза,  што ќе значи нов квалитет на македонскиот пазар на хартии од вредност и ќе биде од корист за сите учесници на пазарот и  за издавачот.

Анализите покажуваат дека досега, како главна пречка за котација на континуираните државни обврзници бил износот на надоместокот или низ бројки, за 180-те активни емисии кои во моментов ги има издадено државата, вкупниот надоместок би изнесувал над 8 милиони денари. Заради тоа, со овие измени и дополнувања на Тарифникот на Берза, се овозможува еднократниот и годишниот надоместок за котација на сите останати државни обврзници, освен на државните обврзници за  денационализација да се утврдува во договор со Министерството за финансии или било кој друг издавач на државни обврзници. Со ова се дава флексибилност и се стимулира котирањето на континуираните државни обврзници.

Исто така, за  развој на секундарниот пазар се намалува и надоместокот за тргување со долгорочните должнички хартии од вредност, освен обврзниците за денационализација и тоа од 0,075 % на 0,025 % од вредноста на остварениот промет.

На седницата што се одржа на 7 септември, 2018 година, КХВ одлучи до Министерството за финансии на РМ да достави Иницијатива за измена на Законот за персоналниот данок на доход со која предлага да се продолжи рокот на примена на ослободувањето од одданочување на капиталната добивка остварена со продажба на хартии од вредност и тоа најмалку до 31 декември 2021 година или пак до денот на пристапувањето на Република Македонија во ЕУ. Целта на иницијативата е да се овозможи натамошно раздвижување на пазарот на хартии од вредност, зголемен промет и ликвидност, а  сето тоа  во насока на унапредување, развој и промоција  на пазарот на капитал.

Исто така, усвоена е  Програма за изведување на практична настава во Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија за 2018 година со која КХВ им дава можност на учениците и на студентите дополнително да учат и да стекнуваат нови знаења и  искуства од областа на пазарот на хартии од вредност, со што ќе станат  конкурентни при нивното идно вработување. Практичната настава ги опфаќа сите активности што Комисијата ги спроведува како регулатор на пазарот на хартии од вредност, а предвидено е и запознавање со другите учесници на пазарот како берза, депозитар, брокерска куќа, друштво за управување со инвестициски фондови. Практичната настава за студентите ќе трае најмалку еден месец.

Останато

Раст на просечната плата во Македонија

Објавено

на

Просечната плата исплатена во март годинава во однос на март 2018 година е повисока за 3,8 проценти и изнесува 24.590 денари. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Хари Костов и Комерцијална банка влегуваат во РК Вардар?

Објавено

на

Првиот човек на Комерцијална банка, г-дин Хари Костов најверојатно наскоро ќе биде обелоденет како прв човек и на РК Вардар. (more…)

Продолжи со читање

Останато

7% од кредитоспособните лица, лани зеле брз кредит

Објавено

на

Граѓаните се заинтересирани за услугите на финансиските друштва, познати како брзи кредити. Земаат просечно меѓу 200 и 400 евра кредит, а во минатата година седум отсто од кредитоспособното население во земјава било опслужено од овие финансиски друштва. Од година во година секторот расте, а за поголема сигурност за потрошувачите дел од овие друштва што работат во земјава формираа Асоцијација на финансиски друштва. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange