Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

Одржана Седмата седница на Комитетот за финансиска стабилност

Објавено

на

Денес, во просториите на Народната банка се одржа редовната, седма седница на Комитетот за финансиската стабилност. Комитетот го сочинуваат гувернерката на Народната банка, Ангеловска-Бежоска, и заменик-министерката за финансии, Елези, како и десет високи претставници од двете институции. На седницата на Комитетот се разгледаа прашања коишто се од значење за финансиската стабилност на земјата.

Врз основа на последниот Извештај за финансиската стабилност во Република Северна Македонија во 2018 година, којшто беше усвоен од страна на Советот на НБРСМ на 25 јули 2019 година, се заклучи дека финансиската стабилност се задржа во 2018 година, при истовремено продлабочување на нивото на финансиско посредување. Финансиските институции функционираа во релативно поволен домашен амбиент, а ризиците од меѓународното окружување имаа ограничено влијание.

Беа разгледани основните движења на сегментите од финансискиот систем во 2018 година, при што посебен акцент беше ставен на ризиците на кои се изложени финансиските институции при своето работење, но и при меѓусебните односи и активности. Притоа, се заклучи дека меѓусекторската поврзаност на одделните институционални сегменти на финансискиот систем и можноста за прелевање на ризиците од еден во друг сегмент се на ниско ниво.

Во банкарскиот систем, како клучен сегмент од финансискиот сектор, се подобрија показателите за изложеноста на ризици, а стрес-тестовите упатуваат на добар капацитет за апсорбирање на потенцијалните шокови. Поволните движења на кредитниот и депозитниот пазар продолжија и се засилија во услови на претпазливо управување со ризиците и подобрување на профилот на ризик на банките. Исто така, банкарскиот сектор во еврозоната, каде што се лоцирани поголемиот број од странските матични субјекти на нашите  банки, е стабилен, соодветно капитализиран и отпорен на шокови.

Во текот на седницата на Комитетот посебен акцент беше ставен на активностите на останатите финансиски институции, при што беше заклучено дека тие имаат прилично мал обем на активности и не претставуваат извор на поголеми потенцијални ризици за севкупната финансиска стабилност во земјата. Поединечното учество на секој од овие институционални сегменти не е повисоко од 1% од вкупната актива на финансискиот систем, а нивното заедничко учество во вкупните средства на финансискиот систем изнесува само 2,2%. Сепак беше укажано на високиот, двоцифрен раст на активностите на финансиските друштва, друштвата за лизинг, инвестициските фондови и брокерските друштва во 2018 година. Во овој контекст, на седницата на Комитетот, беше нагласено дека е неопходно повнимателно да се следат нивните активности, особено брзиот раст на активностите на финансиските друштва.

Во 2018 година, супервизијата и регулативата на финансискиот и особено на банкарскиот систем беа предмет на детална контрола, спроведена од ММФ и Светската банка, во рамките на т.н. мисија ФСАП, којашто позитивно ги оцени домашните супервизорски и регулаторни стандарди во однос на меѓународно прифатливите стандарди во овој домен. Оваа мисија изнесе и неколку корисни препораки за начинот на унапредување на макропрудентната рамка во земјата и за следење на системските ризици. Се разгледаа и препораките дадени за унапредување на активностите за заштитата на потрошувачите, како и препораките за воспоставување на рамката за решавање на банките, којашто ќе овозможи унапредување на постојната рамка и ќе биде во целост во согласност со соодветните европски директиви. На седницата на Комитетот беа разгледани овие наоди и препораки на мисијата ФСАП, а воедно се разговараше и за чекорите и динамиката за нивното спроведување.

Анализи

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на Соработници за клиентска услуга. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Што се негативни каматни стапки и какви се последиците од нив?

Објавено

на

Европската централна банка не само што веќе подолг период ги одржува негативните каматни стапки познати и како казнени камати, туку наскоро планира и нивно дополнително намалување. Какви ќе бидат последиците? Ова се најважните прашања во врска со негативните каматни стапки.

Што се негативни или казнени каматни стапки?

Примената на казнените каматни стапки започна од средината на јуни 2014 година, кога на комерцијалните банки им беше наложено дека треба да платат камата кога депонираат вишок пари во Европската централна банка (ЕЦБ). Во моментов оваа камата изнесува 0,4 процентни поени.

Зошто ЕЦБ го стимулира ова?

Со оваа мерка банките треба да се стимулираат да издаваат повеќе кредити, наместо да го ограничуваат протокот на пари со тоа што вишокот пари ги депонираат во ЕЦБ. Ова треба да ги поттикне инвестициите и потрошувачката во еврозоната, што пак треба да го поттикне растот и инфлацијата.

Факти: Економскиот раст во еврозоната ја губи важноста. Бруто домашниот производ порасна за само 0,2 процентни поени во последниот квартал. Во исто време, стапката на инфлација се оддалечува од целта на нешто помалку од 2 процентни поени, што ЕЦБ смета дека е ниво што обезбедува ценовна стабилност. Инфлацијата беше 1,1 процент во јули, најниска од февруари 2018 година.

Колку тоа ги чини комерцијалните банки?

Според пресметките на Федералното здружение на германски банки, банките во еврозоната моментално треба да плаќаат повеќе од 600 милиони евра месечно поради негативните каматни стапки за вишок ликвидност кои ги наметна ЕЦБ. Пребројувајќи на годишно ниво, тоа изнесува околу 7,5 милијарди евра. Германските банки кои традиционално имаат вишок депозити од клиентите, се особено погодени од казнената камата на ЕЦБ. Според тоа, тие носат околу една третина од негативните депозити во еврозоната.

Какви понатамошни последици имаат негативните каматни стапки врз комерцијалните банки?

На банките и штедилниците веќе долго време им се советува да издаваат повеќе кредити отколку да прибираат пари во вид на депозити од штедачите. Но, изобилство на вишок пари од е историја: ЕЦБ ги намали каматните стапки на рекордно ниско ниво, разурнувајќи ги приходите од камати во банкарската индустрија.

Проблемите на банкарската индустрија станаа многу поголеми со негативните каматни стапки. Тие веќе страдаат од жестоката конкуренција и од економски пад. Покрај тоа, дигитализацијата сама по себе наметнува високи регулаторни трошоци и скапа инвестиција. Традиционалните банки со своите филијали и подружници, исто така, се борат со конкурентите и со финтек предизвикувачите.

На што треба да обрнат внимание инвеститорите за време на казнената камата и какви последици имаат казнените каматни стапки за штедачите?

Банките и штедилницте ги пренесуваат негативните каматни стапки на компаниите, големите инвеститори како што се инвестициските фондови и на богатите приватни клиенти. Според студијата спроведена од biallo.de, 30 институции во Германија наплаќаат т.н. чувар на имот за приватни клиенти, за износи до 100.000 евра. За повеќето, оваа провизија е 0,4 процентни поени. Но, поголемото мнозинство купувачи се заштитени од негативните каматни стапки.

Дали наскоро од овие мерки на ЕЦБ ќе бидат погодени и обичните штедачи?

Во моментов обичните штедачи не се погодени од овие мерки на ЕЦБ и нема изгледи дека во блиска иднина тоа би се променило, бидејќи доколку тоа се случи клиентите ќе се насочат кон алтернативни производи. „Не верувам дека ќе добиеме негативни стапки од сите страни“, вели Херман-Јозеф Тенхаген, извршен директор на Finanztip во интервју за n-tv.de. „Првата штедилница или банка што ќе го стори тоа ќе добие толку многу вишок пари што ќе треба да платат провизија кон ЕЦБ што ќе биде двојно поголема а, можеби и повеќе”. – додаде Тенхаген.

Дали комерцијалните банки можат на друг начин да ги пренесат трошоците?

Можат, а некои веројатно и ќе се обидат. Колку подолго трае негативната каматна стапка, толку е поголема веројатноста институциите да ги зголемуваат таксите и провизиите. Зголемувањето на каматните стапки е постојана тема во банкарската индустрија.

„Вие не можете да ги ловите каматните стапки само со намалување на трошоците“, рече извршниот директор на Дојче Банк, Кристијан Севинг, на Ханделсблат кон средината на јули – кратко време по објавувањето на планот за наплата што вклучува отказ за илјадници работни места. „Не можам да замислам дека банките кои во моментов нудат бесплатна сметка дека тоа истото ќе го сторат и со каматните стапки во следните неколку години“. Доколку тоа се случи, тоа ќе биде пораз за банкарската индустрија” – додаде Севинг.

Дали  на повидок се гледа крајот на е казнената каматна стапка?

Не, баш напротив. ЕЦБ неодамна предложи сегашната казнена каматна стапка од 0,4 проценти дополнително да се зголеми.

Пораст на каматните стапки на кои се надеваа штедачите засега нема да има, но добра околност е што може дополнително да се намалуваат каматните стапки на кредитите.

Продолжи со читање

Анализи

КУРСНА ЛИСТА

Објавено

на

ОФИЦИЈАЛНА КУРСНА ЛИСТА НА НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА


КУРСНА ЛИСТА НА БАНКИТЕ

 

БАНКА
Курсна Листа
Комерцијална банка АД Скопје
– Курсна Листа –
НЛБ Банка АД Скопје
– Курсна Листа –
Стопанска банка АД – Скопје
– Курсна Листа –
Халкбанк АД Скопје
– Курсна Листа –
Охридска банка Сосиете Женерал
– Курсна Листа –
Шпаркасе Банка Македонија
– Курсна Листа –
УНИБанка АД Скопје
– Курсна Листа –
Стопанска банка а.д. Битола
– Курсна Листа –
ПроКредит Банка АД Скопје
– Курсна Листа –
Капитал Банка АД Скопје
– Курсна Листа –
Централна кооперативна банка АД Скопје
– Курсна Листа –
Еуростандард банка АД Скопје
– Курсна Листа –
ТТК Банка АД Скопје
– Курсна Листа –
Силк Роуд Банка АД Скопје
– Курсна Листа –
Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange