Connect with us

НБРМ

Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ

Објавено

на

На 9 мај 2017 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

На седницата на Комитетот беше одлучено дека и покрај солидните економски фундаменти, а со оглед на сѐ уште присутните ризици од домашните политички случувања, каматната стапка на благајничките записи да се задржи на непроменето ниво од 3,25%. Воедно, со оглед на стабилизирањето на потенцијалната ликвидност на банките беше одлучено на аукцијата којашто ќе се одржи на 10 мај, понудата на благајнички записи да биде непроменета и да изнесува 30.000 милиони денари.

 

И покрај политичката криза, очекувањата на економските субјекти и натаму се релативно стабилни, а позитивни се и оцените за стабилноста на економските фундаменти. Движењата на девизниот пазар се стабилни, при што на збирна основа, во првите четири месеца од годината НБРМ интервенира со мал нето-откуп на девизи. Девизните резерви и понатаму остануваат на адекватно ниво.

 

Во однос на расположливите индикатори, априлските податоци за движењето на цените во домашната економија покажуваат годишен раст на инфлацијата од 1,0%, односно просечен раст на цените за 0,6% во првите четири месеци од 2017 година. Овие остварувања се резултат на цените на енергијата и на базичната инфлација, при и натаму пониски цени на храната.

 

Од останатите високофреквентни индикатори, податоците за девизните резерви во април во однос на крајот на 2016 година покажуваат пад, во најголем дел како резултат на достасувањето на девизните депозити на домашните  банки  кај НБРМ,  како  и  на  трансакциите  со  привремен ефект.

 

Сепак, сите показатели на адекватноста на девизните резерви покажуваат дека тие постојано се движат во сигурната зона. Исто така, податоците за менувачкиот пазар од почетокот на април упатуваат на вообичаени нето-приливи од приватни трансфери. Во март 2017 година, беа остварени поволни движења и во надворешната трговија. Имено, извозот оствари значаен годишен раст од 21,4%, при раст на увозот од 13,1%, што доведе до намалување на трговскиот дефицит за 3,4% на годишна основа.

 

Од аспект на банкарскиот систем, првичните податоци за април 2017 година покажуваат пад кај штедењето во однос на претходниот месец. Ваквите остварувања го одразуваат намалувањето на депозитите и кај двата сектора, населението и претпријатијата, иако поумерено кај депозитите на населението во услови на зголемена неизвесност. Од друга страна, кај кредитната активност, првичните податоци со април покажуваат раст на кредитите на месечна основа, со натамошно поизразено кредитирање на секторот „население“.

 

Во април, непосредно по неколку месечниот пораст, ликвидноста на банките умерено се намали, главно поради сезонски повисоката побарувачка за денарска готовина на населението, којашто е карактеристична пред велигденските и првомајските празници. На девизниот пазар беа реализирани вообичаени сезонски движења проследени со релативно пониска побарувачка за девизи од корпоративниот сектор, којашто беше делумно надоместена со зголемената понуда на девизи од менувачниците.

 

Повисоката понуда на девизи на менувачкиот пазар главно беше резултат на сезонски ефект во текот на велигденските празници. Ваквите движења на девизниот пазар овозможија подобрување на девизната ликвидност на банките и интервенција на Народната банка за откуп на девизи од банките поддржувачи. Во втората половина од месецот дојде до засилување на побарувачката на девизи од клиентите на банките, што следствено се одрази и врз растот на побарувачката на девизи и на меѓубанкарскиот пазар.

 

Во текот на месецот, заради ефикасно управување со ликвидноста, банките активно тргуваа  на пазарите на пари, а вишокот на средства на нивните сметки го насочуваа кон расположливите депозити кај Народната банка.

 

На меѓународните финансиски пазари се чувствуваше намалената политичката неизвесност во еврозоната, но и понатаму доминираа ризици на глобално ниво. Во Франција за иден претседател на државата беше избран кандидатот Макрон, којшто има проевропски политички ставови, со што се намали неизвесноста во однос на влијанието од евентуална политичка нестабилност врз европските финансиски пазари. Со тоа, според аналитичарите, во одреден дел се зголемува просторот за ЕЦБ во однос на можното повлекување на стимулативните монетарни мерки во наредниот период. Показателите за американската економија беа во согласност со очекувањата, односно дека централната банка – ФЕД ќе продолжи со постепеното нормализирање на политиката на следниот состанок.

 

На седницата беше заклучено дека оцените за стабилноста на економските основи остануваат позитивни и дека остварувањата кај клучните варијабли на монетарната политика се во рамки на очекувањата. Ризиците од домашните политички случувања и понатаму се присутни и изразени. Воедно, и ризиците од глобалното окружување остануваат актуелни.

 

НБРМ и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата, а идните промени во монетарната политика во голема мера ќе бидат условени од движењата во екстерниот сектор, како и од домашниот политички амбиент.

 

НБРМ

Народната банка ја зголеми основната каматна стапка на 1,75%

Објавено

на

На 10 мај 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани најновите движења на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.
(more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем обезбедува солидна поддршка во целиот пандемичен период

Објавено

на

Со помош на соодветно поставената банкарска регулатива и создадените заштитни механизми во изминатиот период, домашниот банкарски сектор остана во добра кондиција во текот на овие две години, кога домашната економија се соочува со неколку шокови со негативно влијание. Такакредитниот раст воопшто не забави, како што се случувало во претходни кризни епизоди. Напротив, тој умерено забрза, со тоа што од втората половина од минатата година се забележува поголема поддршка на корпоративниот сектор, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за Марили. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Анкета на Народната банка: Банките и штедилниците најавуваат нови производи за „зелено кредитирање“

Објавено

на

Речиси 90% од сите банки и штедилници кај нас сметаат дека климатските промени се важен извор на ризик за финансиската стабилност, покажува најновата Анкета за ризиците од климатските промени, којашто Народната банка ја спроведе на почетокот на 2022 година. Само 40% од банките и штедилниците имаат воведено нови производи и услуги како реакција на климатските промени. Сепак, 80% од испитаниците одговориле дека размислуваат да воведат вакви производи. Зелените кредити одобрени во приватниот сектор во 2021 година забележале раст за 2,7% во споредба со претходната година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно