Connect with us

НБРМ

Одржана работна средба за подготовка за Европскиот квиз на парите

Објавено

на

Народната банка беше домаќин на работна средба со наставниците и професорите координатори од основните и средните училишта од земјава кои ќе учествуваат во Европскиот квиз на парите. На денешниот настан се одржа презентација на одделните фази и обука за подготовка за натпреварот, кој во организација на Македонската банкарска асоцијација, Министерството за образование и наука, Народната банка и Комисијата за хартии од вредност по првпат се одржува во нашава земја, чија цел е финансиска едукација на младите од 13 до 15 години. 

Во своето поздравно обраќање, гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска укажа на значењето на финансиската едукација и истакна дека Европскиот квиз на парите, како иницијатива на Европската банкарска федерација ги обедини финансиските регулатори и банките, како и образовните институции во земјава, со една многу значајна цел, а тоа е подобрување на вештините на најмладите во доменот на финансиите, што придонесува за подобрување на нивните знаења и способност да се соочат со работните и животните предизвици во иднина. Таа изрази посебно задоволство од масовниот одѕив на повикот за квизот, со оглед дека бројот на пријавени одделенија и класови е многу поголем од очекуваниот, при што се проценува дека во фазата на интерни тестирања ќе бидат опфатени околу 3.000 ученици од целата земјата.

„Ваквиот пристап, со вклучување цели одделенија и класови, овозможува сите тие ученици да се запознаат со проблематиката на финансиската едукација, со аспекти поврзани со работењето на централната банка, банките, пазарите на хартии од вредност. Тоа претставува значајна придобивка и воедно, цел на иницијаторот и организаторите – масовен опфат, поширока едукација“ – истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска.

На настанот се обрати и заменик-министерот за образование и наука проф. д-р Петар Атанасов, кој меѓу другото истакна дека обуката и едукацијата на младите е приоритет за секое општество. Тој потсети дека во контекст на остварувањето на оваа приоритетна цел, Министерството потпиша меморандум за соработка и со Македонската банкарска асоцијација, со кој се предвидени заеднички активности коишто ќе придонесат за подобрување на финансиската писменост и едукација кај младите и спроведување проекти, обуки, семинари и натпревари од областа на финансиите и економијата. Една од тие активности е и Европскиот квиз на парите. Министерството за образование и наука ќе ја поддржи оваа активност преку воспоставување контакт со основните и средните училишта. „Се надеваме дека учеството на големиот број ученици ќе придонесе за повисок квалитет и успешност на натпреварувачите како во национални рамки, така и во меѓународните активности.“ – истакна заменик-министерот Атанасов.

Присутните на настанот ги поздрави и г. Коста Митрески, претседател на Македонската банкарска асоцијација, а м-р Милена Перчинкова од Асоцијацијата изврши презентација за текот на натпреварот. Потоа беа презентирани материјалите за финансиска едукација од Народната банка во областа на личните финансии, пари и банки, заедно со осврт кон прашањата за квизот, од страна на главниот економист д-р Анета Крстевска. Материјалите за подготовка за квизот од  Комисијата за хартии од вредност беа презентирани од страна на г-а Ивана Бољат.

На координаторите им беше укажано и за севкупната административна процедура за одржување на квизот. Натпреварот за Европскиот квиз на парите ќе се одвива во три фази. На 13 март ќе се спроведе првиот подготвителен тест во рамки на пријавените одделенија, односно класови, а една недела подоцна ќе се одржи и вториот подготвителен тест. Најдобрите по овие два теста ќе настапат на финалниот натпревар, којшто ќе се одржи во Скопје на 27 март, по кој ќе бидат познати двајцата најдобри ученици кои ќе ја претставуваат земјата на Европскиот квиз на парите во Брисел, на 7 мај годинава.

Се очекува дека овие активности поврзани со квизот значително ќе придонесат за подигнување на нивото на финансиска едуцираност на најмладите од земјава.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на 7. средба на гувернерите од регионот

Објавено

на

Во изминативе години се забележува побрз раст на секторот финтек во Централна и Југоисточна Европа, иако тој значително заостанува зад оној во развиените економии. Финансиските иновации поттикнати од финтек-компаниите во основа водат до подобри и поконкурентни финансиски услуги, а истовремено поттикнуваат поголема конкуренција и иновирање кај традиционалните финансиски институции – банките“ – истакна гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска на 7. средба на гувернерите од регионот, којашто се одржа вчера во Савудрија, Хрватска. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ донесе одлука за намалување на основната каматна стапка на ниво од 2,25%

Објавено

на

Централна Банка

На 12 март 2019 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Македонците сеуште практикуваат плаќање во кеш, но тој тренд полека се менува

Објавено

на

Статистичките податоци на Народната банка за септември 2018 година покажуваат дека од вкупниот број трансакции реализирани со кредитни трансфери или приближно пет милиони, во хартиена форма се реализирани 2.896.599 трансакции, додека електронски 2.069.280. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange