Connect with us

Домашни банки

Одржана виртуелна работна средба за подготовка за Европскиот квиз на пари за 2022 година

Објавено

на

Денес со пријавените ментори од 7основни и средни училишта од нашата земја и нивните ученици од 186 одделенија односно класови, се одржа виртуелна работна средба за подготовка за овогодинешниот Европски квиз на пари – еден од најзначајните меѓународни настани чија цел е финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години.

Менторите и учениците беа запознаени со начинот и текот на одржување на квизот и материјалите за подготовка од Народната банка и Комисијата за хартии од вредност. Воедно, беше спроведена и кратка вежба за учесниците на националниот натпревар.

На настанот присуствуваа и минатогодишните победници, кои ги споделија своите впечатоци од натпреварот.

Националниот натпревар, на кој ќе ги дознаеме двајцата ученици коишто ќе ја  претставуваат нашата земја на европското финале, ќе се одржи на 24 март 2022 година преку електронската платформа „Кахут“.

Нашата земја по четврти пат е дел од овој значаен проект на Европската банкарска федерација кој има за цел да поттикне финансиската едукација на младите во Европа.

Квизот го организира Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност и со поддршка од Министерството за финансии и Министерството за образование и наука.

Домашни банки

Известување од ТТК Банка за предвремена исплата на пензиите од денес (28-ми јуни 2022 година)

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од денес (28-ми јуни 2022 година), започна со исплата на пензијата за месец јуни на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Финансиска помош од Комерцијална банка за организација на Светското првенство во шах за слепи во Охрид

Објавено

на

Во својата долгорочна мисија секогаш да им помогне и да излезе во пресрет на потребите на лицата со хендикеп, Комерцијална банка на свое големо задоволство финансиски ќе го помогне одржувањето на Светското првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица во Охрид. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк започна со предвремена исплата на јунските пензии

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти пензионери дека пензиите за месец јуни се веќе на нивните сметки од денес (28.06.2022 – вторник) и истите можат слободно да ги користат при пазарење со своите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии. (more…)

Продолжи со читање


Популарно