Connect with us

Домашни банки

Одобрени 23 милиони евра од „Ковид 3” за вкупно 2.009 корисници со 15.197 вработени

Објавено

на

Нови 733 кредитни барања се одобрени од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУ за Отпорност од ИПА програмата. Досега, се одобрени вкупно 2.009 кредитни барања, со вкупен износ од 23 милиони евра. Кај овие 2.009 апликанти, вработени се вкупно 15.197 лица.

Како што соопшти Развојната банка на Северна Македонија, според структурата, 1.123 кредитни барања се од мали компании, додека 741 барања се од микро компании. Вкупно 106 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 39 кредитни барања се од занаетчии.

„Најголем дел од одобрените 2.009 кредитни барања, доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 31 отсто, а по него следи Полошкиот регион со 14 проценти, Југозападниот регион со 12 и Југоисточниот регион со 12 отсто.Следни се Источниот и Пелагонискиот регион со 10 отсто од одобрените кредитни барања, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион доаѓаат 5 проценти од одобрените кредитни барања, заклучно 29 јануари 2021 година. Кредитните барања се обработуваат хронолошки, според времето на пристигнување, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Досега е донесена одлука за 2.264 кредитни барања, кои пристигнале заклучно со 20 декември, 18 часот, од кои за 255 е утврдено дека не ги исполнуваат условите од Јавниот повик”, наведуваат од Банката.

Домашни банки

Во Маврово во организација на Халкбанк, на 8 септември повторно ќе се одржи велосипедската трка Halk Velo Green

Објавено

на

Правецот Бистра – Леуново – Бистра во Маврово и годинава ќе биде рутата која ќе треба да се извози во рамките на хронометар велосипедската трка HALK VELO GREEN која веќе трета година по ред, на 8 септември ја организира Халкбанк АД Скопје како дел од платформата HalkEco. Сите вљубеници во велосипедизмот, професионалци и аматери, за учество можат да се пријават најдоцна до 29 август преку www.smartrace.club. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИБанка: Известување за Експозитура Лептокарија

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека Експозитура Лептокарија започнувајќи од 15.08.2022г. (понеделник) ќе биде привремено затворена поради реновирање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИ Банка ќе издаде нова емисија на Перпетуална обврзница на износ од 2,5 милиони евра

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје ќе издаде нова емисија на капиталниот инструмент Перпетуални или “вечни” обврзници на износ од 2,5 милиони евра. Издадениот капитален инструмент ќе се користи за зголемување на капиталот на банката. (more…)

Продолжи со читање


Популарно