НБРМ
Одложен настанот „Ден на финансиска едукација“


Народната банка на Република Македонија ги извести медиумите дека поради временските прилики се одложува настанот „Ден на финансиска едукација“ кој што требаше да се одржи на ден, 8.5.2017 година во Градскиот парк – Скопје, (Школка) со почеток во 11 часот.
Истиот настан ќе се одржи на 11.5.2017 година (четврток) со почеток во 11 часот на истото место – Градскиот парк – Скопје, (Школка).
Настанот „Ден на финансиска едукација“ е во организација на Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Македонија составено од Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Комисијата за хартии од вредност и Агенција за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување.
Целта на настанот е да придонесе кон јакнење на општата свест за тоа колкава е потребата од финансиска едукација и кои се придобивките од таквото знаење.
На настанот ќе бидат поканети претставници од релевантни институции во земјава, ученици од основните и средните училишта, студенти од Економскиот факултет во Скопје и од Центарот за претприемачко учење.
НБРМ
Ангеловска-Бежоска: И во светот и кај нас сѐ уште се очекува економски раст за годинава


Рецесија за годинава во моментот не се очекува. И покрај сите предизвици, сите релевантни меѓународни финансиски институции сепак предвидуваат економски раст, но забавен. Рецесија не се предвидува ниту со песимистичките сценарија на меѓународните институции, како ММФ, Европската Унија, Европската централна банка, туку дополнително забавување на растот, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за „Радио Слободна Европа“. Но, потребно е внимателно следење со оглед на природата на шокот и високата неизвесност. (more…)
НБРМ
Ангеловска-Бежоска за РСЕ: Постепени и умерени промени во каматите за избегнување на негативните ефекти


Покачувањето на основната камата од страна на централните банки е сигнал за период на повисоки камати и на штедните влогови и на кредитите, што ќе придонесе за зголемување на штедењето и намалување на потрошувачката заради намалување на притисокот за раст на цените од страна на побарувачката. Повеќе централни банки почнаа со нормализирање на монетарната политика, којашто беше олабавена за време на пандемијата. Ова е резултат на подолготрајните и пораспространетите ценовни притисоци, коишто дојдоа преку цените на примарните производи на светските берзи, односно од страната на понудата. Најважно е затегнувањето на монетарната политика да оди постепено, за да се избегнат негативни ефекти од нагло зголемување на каматите, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Радио Слободна Европа“. (more…)
НБРМ
Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Бомгартнер: Монетарната политика е соодветно поставена да одговори на нагорните инфлациски движења


Заради последните податоци за инфлацијата, којашто и во април забрза, како и заради влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања, Народната банка продолжи со постепеното зголемување на основната камата. Притоа, затегнувањето на монетарната политика е умерено. Ценовната стабилност е неопходен предуслов за поддршка на стабилен и долгорочен економски раст. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје