Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Лични финансии

Одговорете на вечното прашање: На што всушност трошиме пари?

Објавено

на

Управувањето со буџетот ни помага да ги оствариме поставените финансиски цели, да ги заработиме парите коишто ни се потребни на месечно ниво за да го имаме она што го посакуваме и притоа да имаме увид дали сме на добар пат во управувањето со финансиите.

Доколку прашате некој финансиски советник зошто треба да имате и водите личен буџет, тој ќе ви каже дека ова е важно затоа што така се добива увид во реалната финансиска состојба.

Сепак, за вас, оваа состојба можеби е веќе очигледна – понекогаш дури и болна и секојдневни потсетувања навистина не ви се потребни. Но, што ако дознаете дека постои друга причина за водење на буџетот, односно парите коишто ги имате на располагање треба да се распределат по приоритети, кои во голема мера можат да помогнат во секојдневното управување со финансиите?

Евиденција на приходите и расходите, кои експертите ги нарекуваат “раководење” или “управување” со буџетот, е важно бидејќи
покажува дали ние трошиме повеќе отколку што заработуваме, и дава одговор на вечната загатка – “На што всушност ги трошиме нашите пари?”. Веројатно голем дел од нас е свесен за поголемите месечни трошоци кои ги има, но често има и такви кои не ни обрнуваат поголемо внимание каде ги трошат своите пари.

Едноставна буџетска шема ќе ни покаже дали треба да го промениме однесувањето кон нашите финансии со цел да ги направиме поздрави и посигурни.

Како да го направите и разумно да го трошите буџетот?

Не е неопходно вашиот буџет да биде комплицирана табела во Ексел со безбројни формули, или секојдневно да инвестирате драгоцено време на неа. Сосема доволно е да се нацртаат неколку колони и редови, се додека има доволно простор за снимање на сите релевантни податоци.

Во продолжение ви прикажуваме неколку важни чекори за креирање и управување со вашиот личен буџет:

  1. Евиденција на приходи и расходи – За почеток внесете ги сите приходи и расходи во табелата. Многу е важно да
    бидете искрени и да се посветите на оваа задача најмалку барем еден месец. Имајте во предвид дека потребни се три месеци и тоа е оптимално време да се увидат некои грешки, а ќе ги избегнете и изговорите дека сте почнале да ги евидентирате вашите финансии во месецот кога сте имале најмногу трошоци. Наместо хартија и молив, во евиденцијата на финансиите можат да ви помогнат многу достапни мобилни апликации. Некои од најпопуларните се: Mint, PocketGuard, YNAB (You Need A Budget), Wally, Good Budget и други.
  2. Следете го буџетот и прилагодете го трошењето – Веќе по неколку недели ќе бидете во можност да се насочите кон вашиот буџет и ако заклучите дека постои причина за загриженост, малку ќе намалите со трошење. Дали вашиот приход е еднаков на расходите? Имате ли простор да заштедите или веќе сте ги потрошиле вашите пари и дополнително се задолжувате? Во тој момент ќе можете да ја забележите првата очигледна корист од буџетот, на пример потешко ќе се одлучите да купите нешто што може да се категоризира како “фрлање пари” кога ќе знаете дека таквиот износ треба да биде запишан некаде.
  3. Анализирајте ги трошоците – Многу е корисно и интересно да се позанимавате со анализа на вашите трошоци од аспект на желби и потреби. Под потреби, сè подразбираат сите оние трошоци без кои не можеме да функционираме, а во желби спаѓаат сите оние работи кои ги посакуваме и убаво е да ги имаме, но не ни се неопходни. Постои интересно правило за поделба 50:30:20, по кое можете да се раководите. Односно, потрошете 50 проценти од вашите пари за вашите потреби, 30 проценти за вашите желби, а 20 проценти можете да ги заштедите и да ги вложите во својата иднина како заштеда за пензија, за школување на вашите деца итн.
  4. Почетна точка за финансиски цели – Дали вашата цел е да заштедите за одмор, да го отплаќате долгот, да платите животно осигурување или нешто друго, управувањето со буџетот ќе ви помогне да го анализирате своето однесување и да дефинирате дали се движите во вистинска насока. Буџетот е од огромна корист за да се направи план за тоа како да се остварат поставените финансиски цели, како да ги издвоите парите коишто ви се потребни за месечните неопходни потреби и како да следите дали сте цело време на вистинскиот пат.

Покрај тоа, исто така, ќе добиете одговор на вечното прашање: “На што всушност ги трошиме нашиме тешко заработени пари?”.

Доколку сакате подобро да управувате со вашите лични финансии, започнете уште денес да гиприменувате овие совети.

Лични финансии

Позитива на денот: “ОК е”, Фејсбук статус на Фросина Ѓорѓиовска

Објавено

на

Кога ќе станеме, само една позитивна мисла ни е доволна за да ни го направи целиот ден позитивен. Ќе се трудиме по еден таков позитивен импулс да споделуваме со вас секој ден. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Дали ЦЕНАТА е продажна алатка?

Објавено

на

Во соработка со Македонската Асоцијација за Продажба во периодот што следи ќе објавуваме текстови кои ќе ви помогнат да ги подобрите продажните вештини, да ја зголемите самодовербата и да го подобрите вашиот продажен ефект.

Ова е вечното прашање што ги мачи почетниците, но и искусните продавачи во услови на голема конкуренција, а со кое се прави притисок кај продажните менаџери да размислуват пред се за намалување, или едноставно прилагодување на цената на конкуренцијата. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

10 работи кои ги научи Нина Ангеловска од Групер продавајќи 1 милион купони

Објавено

на

Приказната на Grouper започна во Јануари 2011 година. Пасијата да ја променат е-трговијата и навиките за онлајн купување беа нивната главна водилка. Првиот македонски сајт за групни попусти понуди атрактивни попусти и непобедливи зделки кои до тогаш не беа понудени на нашиот пазар – тоа беше главниот поттик за илјадници Македонци да се впуштат во онлајн купување и голем дел од нив да ја направат својата прва онлајн трансакција на Grouper!  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange