Connect with us

Домашни банки

Одбележете ја и вие Глобалната недела на парите – посетете ја „Финансиската училница“ на Комерцијална банка

Објавено

на

Финансиската благосостојба на населението е наша обврска и одговорност. На тоа нè потсети и годинашното јубилејно 10-то одбележување на Глобалната недела на парите под мотото „Изгради ја својата иднина, биди паметен со парите“. Глобалната недела на парите е кампања која има за цел да ги поттикне младите да станат финансиски писмени за да си обезбедат финансиска благосостојба и независност.

Во името на оваа глобална и благородна мисија, Комерцијална банка е силно посветена на едуцирање и информирање не само на клиентите, туку и на сите заинтересирани граѓани за светот на финансиите бидејќи тој нуди голем избор, но бара и многу знаење и паметни одлуки. За да ја исполни својата задача поуспешно, Банката во 2018 година ја создаде „Финансиската училница“ која сега е достапна за секој посетител на веб-страницата kb.mk.

„Финансиската училница“ на Комерцијална банка е богат извор на знаење и на носење паметни одлуки од страна на сите корисници на финансиски производи и услуги, а особено на младите. Целта на „Финансиската училница“, проект кој е дел од стратегијата за општествена одговорност на Комерцијална банка, е да ја наметне потребата кај младите финансиски да се едуцираат за да си обезбедат побезгрижна иднина и поквалитетен живот. Финансиската благосостојба на секого зависи од него лично, а одговорно се однесуваат финансиски писмените граѓани, кои знаат како да управуваат со сопствените финансии.

„Финансиската училница“ веќе едуцираше 720 ученици од 13 средни и три основни училишта. Минатата година истражуваше на тема „Штедење“ со над стотина средношколци од средното училиште „Васил Антевски Дрен“ од Скопје, а авторите на трите најдобри есеи ги награди со Штедни книшки со орочен депозит на една година во износ од 6.000 денари за прва, 4.500 за втора и 3.000 денари за трета награда.

Комерцијална банка го честита 10-годишниот јубилеј на „Глобалната недела на парите“ и ги поканува младите и сите останати граѓани во земјава да го збогатат своето финансиско знаење преку нашата „Финансиската училница“.

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 24 мај 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 24 мај (среда) 2023 година заради празнување на Св. Кирил и Методиј. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Силните резултати на ПроКредит Групацијата во Q1 ги нагласуваат среднорочните позитивни перспективи

Објавено

на

  • Резултатот од 29,5 милиони ЕУР соодветствува на солиден Поврат на капитал (RoE) од 13,3% и, според тоа, е во согласност со среднорочните насоки на групацијата;
  • Добриот развој на нето каматната маржа до 3,4% и умерениот трошок на ризикот од 12 основни поени се клучни фактори за резултатите;
  • ПроКредит Банка Украина има умерен придонес кон резултатот на групацијата, демонстрирајќи ја својата структурна сила без оглед на проблематичното опкружување; ПК без Украина е на добро ниво од 11,6%;
  • Kоефициентот на трошочна ефикасност, усогласен за непериодичните ефекти е на ниво од 57,0% и, според тоа, 2,5 процентни поени под нивото од претходната година;
  • Растот на депозитите изнесува 0,6%; кредитното портфолио бележи мал пад од 0,8%, со дополнителни подобрувања на квалитетот на портфолиото;
  • Континуиран фокус на зелени кредити; тековниот удел од 20,2% во вкупното кредитно портфолио е зацртано да расте до 25% среднорочно;
  • Коефициентот на редовен основен капитал на ниво 1 (CET1) изнесува 14,1%; значајното зголемување од 0,7 пп во Q1 е поттикнато од натамошниот раст на ефикасноста на активата пондерирана според ризикот (RWA)

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Како најдобро да се подготвите за патување?

Објавено

на

Подготовката за патување може да биде возбудлива, но и прилично напорна активност. За да се обезбеди непречено и пријатно патување, од клучно значење е сè да се испланира и подготви однапред. Од истражување на дестинацијата и пакување, до обезбедување патни документи и организација, пожелно е што подобро да се подготвите за вашата претстојна авантура. (more…)

Продолжи со читање

Популарно