Connect with us

Останато

Одбележан меѓународниот ден на царината со доделување благодарници на заслужни вработени, институции и организации

Објавено

на

Царинската управа на Република Северна Македонија се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден на царината со истакнување на неколку важни определби од функционирањето на оваа важна институција. 

Ширум светот Меѓународниот ден на Царината се прославува на 26-ти јануари со посебни организирани активности

Оваа година се празнува под слоганот „Царина се грижи за одржливост на граѓаните, просперитетот и планетата“, со посветеност на заедничките заложби за обезбедување на меѓународниот синџир на снабдување и обезбедување на современите и посебни потреби на граѓаните и општеството.

По овој повод директорот на Царинската управа, г. Ѓоко Танасоски традиционално додели благодарници од Генералниот секретар на СЦО г. Кунио Микурија, на лица и институции и организации кои со своите активности се имаат издвоено како доста заслужни во проактивното делување за обезбедување на одржлив напредок за граѓаните, општеството и планетата.

Согласно годинашнава тема, 9 царински службеници и 11 надворешни институции и компании добија благодарници заради нивната максимална посветеност и ангажираност на ова поле.

Останато

Комерцијална банка – нов спонзор на РК Вардар 1961

Објавено

на

Ракометниот шампион на Македонија и сеуште актуелниот Европскиот ракометен шампион – РК Вардар 1961 непосредно пред настапот на Струшкиот турнир го објави дресот за претстојната сезона. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Месечните примања на работниците во Германија намалени за 2,2 отсто

Објавено

на

Бруто месечната заработка на работниците со полно работно време или скратено работно време во Германија во просек е 2,2 проценти пониска во вториот квартал во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Федералното биро за статистика. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на Apple, Тим Кук влезе во клубот на милијардери

Објавено

на

Извршниот директор на „Apple“, Тим Кук влезе во клубот на милијардери, откако вредноста на акциите на технолошката компанија продолжува да ја зголемува својата вредност. (more…)

Продолжи со читање

Популарно