Connect with us

Останато

Огромна инфлација во Венецуела

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд проценува дека до крајот на годината инфлацијата во Венецуела ќе достигне еден милион отсто. Властите во Каракас продолжуваат да печатат пари за да ја покријат сè поголемата дупка во буџетот.

Кризата во Венецуела може да се спореди со онаа во Германија во 1923 година или во Зимбабве кон крајот на 2008 година, изјави Алехандро Вернер од ММФ, пренесува „Блумберг РТС“.

Вернер исто така предвидува дека економијата на Венецуела во 2018 година ќе забележи пад од 18 отсто, пред сè како резултат на значителното намалување на производството на нафта.

Падот на економската активност, хиперинфлацијата и недостигот од храна по субвенционирани цени доведоа до значителна миграција, која, како што оцени Вернер во пост на својот блог, може да доведе до прелевање на кризата во соседните земји.

Останато

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗВРМ и ИОРРМ

Објавено

на

На 09-ти Јануари 2019 година, Здружението на Внатрешни Ревизори на Македонија (ЗВРМ) и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува взаемната соработка за подигнување на професијата Внатрешен Ревизор и Овластен Ревизор на повисоко ниво, промовирање на стручноста, знаењето и професионалноста на своите членови. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП РАЗВИ МОДУЛ ЗА АВТОМАТСКИ ПОВРАТ НА ДАНОЦИ

Објавено

на

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, во придружба на Министерот за финансии, Драган Тевдовски, разговараа за реализираните проекти и реформите на УЈП во изминатата година како и за активностите на коишто Управата за јавни приходи ќе се посвети во текот на 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Тевдовски: Значајно подобрена борбата против финансискиот криминал

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, оствари работна средба со директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми. Директорот информира дека во 2018 година Управата поднела вкупно 74 кривични пријави за дела со кои е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 3 милијарди денари. Ова е значително повеќе во споредба со 2016 година кога била поднесена 41 кривична пријава со што е нанесена штета на Буџетот на РМ во износ од 293 милиони денари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange