Connect with us

Форекс

Огромна загуба на вредноста на парите – Државата го менува називот на валутата

Објавено

на

Иранскиот Парламент усвои предлог закон кој предвидува бришење на четири нули од ријалот и промена на називот на службената валута во томан, јавија денеска државните медиуми.

Предлогот за бришење на четири нули во оптек е од 2008 година, а повторно се интензивира во 2018 година откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно воведе санкции против Иран, откако САД се повлекоа од договорот за иранската нуклеарна програма кој беше потпишан во 2015 година.

Ријалот тогаш ослабе 60 отсто, што заедно со високата инфлација предизвика повеќе протести.

Иранската новинска агенција ИСНА денеска јави дека Парламентот одобрил предлог закон за бришење на четири нули, кој мора да го одобри и исламскиот Совет на чувари.

Службената валута во иднина ќе биде томан кој ќе има 10.000 ријали. До сега томанот беше пониска парична единица – еден ријал имаше 100 томани.

Државната телевизија информира дека централната банка на Иран ќе има рок од две години да го смени називот на валутата.

Форекс

Доларот во слободен пад, ослабе и во однос на еврото

Објавено

на

На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути падна на најниско ниво од април 2018 година, бидејќи се очекуваат нови стимулативни мерки во американската економија и затоа што инвеститорите се склони кон поризични инвестиции. Така, индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на Американецот во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 91,30 поени, додека вчера во ова време тој беше 91,80 поени. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Македонска берза се приклучи во одбележувањето на Деновите на финансиска писменост

Објавено

на

Од 24 до 26 ноември годинава ќе се одржи четвртото издание на Деновите на финансиската писменост кое оваа година заради пандемијата ќе биде одбележано со бројни е-активности. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Вредноста на биткоинот ја премина границата од 18.000 американски долари

Објавено

на

Според порталот „CoinMarketCap“, кој ја пресметува просечната вредност на повеќе од 20 берзи, во 6:14 часот по средноевропско време, битконот пораснал за 9,78 проценти на 18.223 американски долари, додека најголемата берза за криптовалути „Binans“ ја зголеми вредноста за 9,95 проценти, на 18.328 американски долари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно