Connect with us

Странски банки

Огромен ризик за европските банки – 360 милијарди евра кредити под мораториум!

Објавено

на

Најголемите европски банки воведоа мораториум или други олеснувања за отплата на кредити во износ од над 360 милијарди евра, а големо прашање е дали должниците ќе можат да продолжат да ги извршуваат своите обврски кога ќе завршат олеснителните мерки за поддршка, пренесува „Reuters“.

Според упатствата на владите и монетарните регулатори, заемодавателите им дадоа пауза на милиони граѓани и клиенти за да им помогнат да се справат со финансиските потешкотии предизвикани од пандемијата на коронавирус.

Не е лесно да се утврди колку од овие заеми би можеле да завршат во категоријата лоши заеми (НПЛ) кога ќе завршат мерките за поддршка и во која мерка банките ќе претрпат загуби за возврат, пренесува британската агенција.

Податоците од седумте најголеми европски банки за воведеното олеснување за должниците на крајот на вториот квартал, покажуваат дека вредноста на неизмирените кредити под мораториумот е околу 15 пати поголема од вкупниот износ на резервации за потенцијални загуби за кредитите.

Европските регулатори изјавија дека банките не треба автоматски да издвојуваат пари за покривање на заемите за кои отплата е паузирана доколку се убедени дека плаќањето на ратите ќе продолжи нормално, но ова е тешко да се процени.

Томас Вердин, директор за управување со банка и регулатива на независната фирма за ревизија и консултантски услуги БМ & А, посочува дека некои клиенти кои не се во финансиски потешкотии побарале кратка пауза во отплата на заемите поради претпазливост.

„Значи, вие не знаете дали обемот на заеми што се наоѓаат под мораториумот е сигнал дека клиентот е во финансиски потешкотии“, вели тој.

Во шпанската банка Сантандер велат дека околу 116 милијарди евра заеми се под некоја од мерките за паузирање на отплатите. За околу една третина од таа сума рокот истече до 15 јули, а огромното мнозинство од тие заеми сè уште се во прекин.

Должниците кои избираат да не ја продолжат паузата за плаќање на кредитот најверојатно имаат посилна финансиска состојба.

Во Велика Британија, почетната програма на тримесечниот мораториум за отплата на заемите веќе еднаш беше продолжена, при што крајниот рок за повеќето заеми да продолжат со отплата е на есен.

Банкарската групација Лојд, најголемиот хипотекарен заемодавател во Велика Британија, соопшти дека „ќе добие појасна слика за реалната состојба“ во следните неколку месеци во однос на процентот на хипотекарни заеми кои се под мораториум и кои би завршиле како НПЛ односно лоши (ненаплатливи) кредити.

Странски банки

Извршниот директор на Морган Стенли е најплатениот американски банкар

Објавено

на

Извршниот директор на „Morgan Stanley”, Џејмс Горман стана најплатениот американски банкар. Неговата годишна плата се зголеми за 22 проценти или сега изнесува шест милиони долари. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Сбербанк се подготвува да лансира сопствена криптовалута до пролет!?

Објавено

на

Најголемиот кредитор на Русија, Сбербанк, поднесе барање до националниот финансиски регулатор да воспостави блокчејн платформа за сопствен дигитален токен наречен „Сберкоин”. Проектот би можел да започне уште оваа пролет. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Лагард: Опоравувањето од пандемијата може да се одложи

Објавено

на

Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард се надева дека 2021 година ќе продолжи да биде година на економско закрепнување од пандемијата, и покрај сериозните блокади и загриженоста за појавата на нови мутации на коронавирусот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно