Connect with us

Криптовалути

ОГРОМЕН ПОРАСТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ – Забележан раст на вредноста од 114 милијарди долари за само 24 часа!

Објавено

на

Цената на биткоинот минатата ноќ се искачи близу 39.000 американски долари за прв пат од средината на јуни, бидејќи се зајакна расположението на пазарите со криптовалути по неодамнешната продажба.

Најголемата дигитална валута во светот се тргуваше со околу 38.059,84 долари пред полноќ источно време, според „CoinDesk”, што е скок од речиси 11 проценти во споредба со 24 часа претходно, и во еден момент за време на тргувањето дури достигна цена од 39.544,29 долари, највисоко ниво од 16-ти јуни.

Растот на биткоинот ги поттикна и другите криптовалути. Етериумот ја зголеми својата вредност за 5,9 проценти на над 2.299,55 американски долари, пренесува „CNBC”.

Целиот пазар на криптовалути забележа раст на вредноста од повеќе од 114 милијарди долари за само 24 часа, покажуваат податоците на порталот „Coinmarketcap.com”.

Закрепнувањето доаѓа по изјавите на водечките луѓе на некои светски компании на конференцијата „Б-свет“ што се одржа по неодамнешниот стрмен пад на биткоинот под нивото од 30.000 американски долари за еден коин, предизвикана од глобална продажба што предизвика стравувања дека колапсот на најстарата криптовалута на светот може да се продлабочи.

Извршниот директор на „Tesla”, Илон Маск, на настанот објави дека компанијата најверојатно ќе започне повторно да прифаќа биткоин за набавка на своите возила, благодарение на зголемената транзиција кон обновливи извори на енергија при ископувањето на таа дигитална паричка.

Претходно, во мај годинава, „Tesla” ја суспендираше можноста за купување возила за биткоини поради, како што наведе, загриженост поврзана со забрзаниот раст на употребата на фосилни горива „во ископувањето на таа виртуелна валута“.

Покрај тоа, оптимизмот на учесниците во тргувањето со дигитални пари го подигна гигантот за електронска трговија „Амазон“, кој објави дека ќе го прошири својот тим со ангажирање експерти во дигитални валути и блокчејн, што сугерира дека може да ја испита можноста за плаќање со биткоин и други криптовалути.

Криптовалути

PayPal стартува со купопродажба на криптовалути во Велика Британија

Објавено

на

„PayPal Holdings Inc” (PYPL.O) ќе им овозможи на клиентите во Велика Британија да купуваат, продаваат и чуваат биткоини и други криптовалути почнувајќи од оваа недела, соопшти компанијата, пренесува „Reuters”. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот достигна 50.000 долари, највисоко ниво во последните три месеци

Објавено

на

Биткоинот го продолжи трендот на закрепнување, достигнувајќи вчеравечер вредност од 50.000 долари, наведе „CoinDesk“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Најголемата фудбалската суперѕвезда Лионел Меси, дел од парите од ПСЖ ќе ги добива во криптовалути!?

Објавено

на

По долго време заврши трансфер сагата на најголемата фудбалска суперзвезда Лионел Меси, кој и покрај желбата да остане во својот омилен клуб Барселона, на крајот беше речиси приморан да ги промени клупските бои и да се пресели во Париз Сен Жермен. (more…)

Продолжи со читање



Популарно